Тинејџер  ја нашол дебитната картичка на дедо му, па го „олеснил“ за 468 илјади денари


СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања.

На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари.