Жена заврши во болница откако со тротинет удриле во неа


Вчера во 15.45 часот се случил инцидент на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, кога маж со електричен тротинет удри во жена.

– На 12.12.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, електричен тротинет управуван од М.М.(36) од Скопје удрил во пешакот Х.Н.(42) од с.Бардовци, скопско“, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.