Пензионерка измамена за 200.000 денари


Измамник успеал да придобие 200.000 денари од 82-годишна жена, при што ѝ се претставил дека ѝ е близок роднина.

-На 11.12.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 09.12.2022 на подрачје на Гази Баба неговата 82-годишна мајка била измамена од едно лице за сума 200.000 денари, информираат од полицијата.

Според пријавеното, лицето лажно и се претставило дека и е близок роднина и ѝ побарало пари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.