Приведено едно лице во Куманово затекнато во обид за кражба


Кумановската полиција вчера попладнето ја лишила од слобода М.З.(24) од Куманово, која била затекната во обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово. Како што информираат денеска од МВР, М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Го нападнал татко си и кршел низ дома


Во саботата,  во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде …

Го нападнал татко си и кршел низ дома Read More »

Се степале вработени во ЈСП


Ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, И.Б.(54) од с.Арачиново, скопско и З.Ј.(48) од Скопје, двајцата вработени во ЈСП, пријавиле дека во кругот на ЈСП биле физички нападнати од нивниот колега З.Г.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приведени две лица од Куманово, пронајдени околу 4.000 петарди


 Кумановската полиција ќе поднесе соодветни пријави за две лица откако при претрес пронашле 4.000 парчиња петарди. Како што соопшти полицијата, синоќа во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на …

Приведени две лица од Куманово, пронајдени околу 4.000 петарди Read More »

Полицијата го откри возачот на „мерцедесот“ со кој беше усмртено 11-годишно девојче во Велес


Пo синоќешната несреќа во која автомобил марка мерцедес удрил во мајка и ќерка на пешачки премин, при што загинало малолетното девојче на 11 годишна возраст, а нејзината мајка е однесена во болница, полицијата информира дека и’ е познат возачот на автомобилот. Се работи за 29 годишно лице од Велес. Со соопштение излегоа и од ЈО, …

Полицијата го откри возачот на „мерцедесот“ со кој беше усмртено 11-годишно девојче во Велес Read More »

Починато лице најдено во каналот „Студенчишта“ во Охрид


  Во водите на каналот „Студенчишта“ во Охрид, утрово, било пројандено починато лице. СВР Охрид денеска соопшти дека станува збор за Д.Р. (76) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги. – Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ …

Починато лице најдено во каналот „Студенчишта“ во Охрид Read More »

Царината заплени девизи и злато во вредност од рекордни еден милион евра


  Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија ‪262.750‬ долари, ‪155.760‬ евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу ‪600.000‬ евра, соопшија од Царинската управа. „Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се …

Царината заплени девизи и злато во вредност од рекордни еден милион евра Read More »

Имал забрана за приближување, но сепак, ја претепал сопругата


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(39) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, „загрозување на сигурноста при семејно насилство“ и „неизвршување на судска одлука“. На 29.11.2022, и покрај изречената забрана за приближување до неговата сопруга и нивната ќерка, пријавениот се заканувал и физички …

Имал забрана за приближување, но сепак, ја претепал сопругата Read More »

Малолетник со петарда запaлил тенда на угостителски објект во Свети Николе


Малолетник од Свети Николе синоќа со петарда запалил тенда на угостителски објект на плоштадот „Илинден“. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во 19:30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 19:20 часот малолетник фрлил пиротехничко средство во угостителски објект на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, при што настанал пожар на тендата …

Малолетник со петарда запaлил тенда на угостителски објект во Свети Николе Read More »

Кривична пријава против двајца полициски службеници од граничен премин Долно Блаце


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски …

Кривична пријава против двајца полициски службеници од граничен премин Долно Блаце Read More »

Истрага против десет лица за злоупотреба на службена положба и овластување


По повеќемесечна предистражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал донесе наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот сите заедно предзвикале штета од …

Истрага против десет лица за злоупотреба на службена положба и овластување Read More »

Приведени две лица во акциска контрола во Тетовско за приредување игри на среќа без дозвола


Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, осомничени дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри. Во акциска контрола реализирана …

Приведени две лица во акциска контрола во Тетовско за приредување игри на среќа без дозвола Read More »

Обидите за хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, паника и уривање на институциите, вели Спасовски


Дојавите за бомби се дел од хибридни напади што не се случуваат само кај нас, туку и во регионот и пошироко, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вели дека обидите за тероризам и хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, несигурност, паника, уривање на институции, подривање на државата, политичката власт, но и да …

Обидите за хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, паника и уривање на институциите, вели Спасовски Read More »

Во полиција пријавен случај за сексуален однос меѓу професор и средношколка


Директорот на СОУ „Кочин  Рацин“ во Велес вчера пријавил во полиција дека од непознат профил добил аудио снимка на „Фејсбук“ за наводен сексуален однос меѓу професор и ученичка во истото средно училиште.   –Во Полициската станица во Велес директорот на СОУ Гимназија  „Кочин  Рацин“ во Велес вчера пријавил дека на 15 октомври оваа година  преку социјалната мрежа …

Во полиција пријавен случај за сексуален однос меѓу професор и средношколка Read More »

Дојавите за бомби- нерешлива енигма за МВР


Речиси два месеци траат тензиите, но и истрагата. Заканите доаѓаат од виртуелни приватни мрежи и тешко се лоцира кој стои зад нив, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Линк до целиот текст тука

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против државен службеник во Министерството за животна средина


  Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице – раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба. – Раководниот државен службеник при …

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против државен службеник во Министерството за животна средина Read More »

Маж се соблекувал пред деца, директорка на училиште пријавила


Директорка на едно основно училишта во подрачје на Центар во полиција пријавила непознато лице кое се соблекувално пред децата. – На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С.(41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријавила дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од …

Маж се соблекувал пред деца, директорка на училиште пријавила Read More »

Прво судење во новата дигитална судница во рамки на КПУ „Идризово“


  Во новоотворената, дигитална судница во КПУ Идризово, денеска се одржа првата главна расправа за предмет од одделот за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје. Како што објави Основен кривичен суд Скопје на својата веб страна, станува збор за притворски предмет против четворица обвинети лица за кривичното дело „неовластено производство и …

Прво судење во новата дигитална судница во рамки на КПУ „Идризово“ Read More »

Гевгеличанец осомничен за обид за убиство на очувот


 Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривичното дело „убиство“ според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник. Осомничениот, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, на 12 декември со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. …

Гевгеличанец осомничен за обид за убиство на очувот Read More »

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта  во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.   Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за …

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје Read More »