Маж се соблекувал пред деца, директорка на училиште пријавила


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Директорка на едно основно училишта во подрачје на Центар во полиција пријавила непознато лице кое се соблекувално пред децата.

– На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С.(41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријавила дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од ученици и наставничка, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.