Полицијата го откри возачот на „мерцедесот“ со кој беше усмртено 11-годишно девојче во Велес


Пo синоќешната несреќа во која автомобил марка мерцедес удрил во мајка и ќерка на пешачки премин, при што загинало малолетното девојче на 11 годишна возраст, а нејзината мајка е однесена во болница, полицијата информира дека и’ е познат возачот на автомобилот.

Се работи за 29 годишно лице од Велес. Со соопштение излегоа и од ЈО, ои велат дека синоќа бил извршен увид на местото на несреќата која што се случила на улицата “Борис Трајковски”

– До несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар, соопшти Јавното обвинителство.

Според информациите на Јавното Обвинителство од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“.

За жал од здобиените повреди девојчето починало.

Јавното Обвинителство уште додава дека шоферот на автомобилот марка мерцедес воопшто не запрел туку избегал со голема брзина.

Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

Надлежните извршија увид и разговараа со очевидци, а наредена е обдукција.

Трагедијата се случила синоќа во 22 часот и 15 минути.