Приведено едно лице во Куманово затекнато во обид за кражба


Кумановската полиција вчера попладнето ја лишила од слобода М.З.(24) од Куманово, која била затекната во обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово.

Како што информираат денеска од МВР, М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.