Имал забрана за приближување, но сепак, ја претепал сопругата


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(39) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, „загрозување на сигурноста при семејно насилство“ и „неизвршување на судска одлука“.

На 29.11.2022, и покрај изречената забрана за приближување до неговата сопруга и нивната ќерка, пријавениот се заканувал и физички ја нападнал неговата сопруга.