Царината заплени девизи и злато во вредност од рекордни еден милион евра


 

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија ‪262.750‬ долари, ‪155.760‬ евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу ‪600.000‬ евра, соопшија од Царинската управа.

„Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица. При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи“, велат од Царинската управа.

Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага.

Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство, се вели во соопштението до медиумите.