Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга


 Автомобил утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, повредени нема. Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга. – Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се […]

Полицаец извршил насилство врз маж од Кумановско


СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на […]

Скопјанка паднала во автобус на ЈСП, тешко е повредена


Повозрасна скопјанка е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП.  – На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата.   Извршен бил […]

Меѓународна потерница по Шеваљ Муареми, осомничен дека предводел меѓународна криминална група


На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи е објавена меѓународната потерница по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела.  -МУАРЕМИ ШЕВАЉ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од […]

Истражна постапка против десет лица по вчерашната акција „Чибук“, определен притвор за осум осомничени


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денеска од МВР, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. На сите осомничени, се наведува во соопштението, им се става на товар дека сториле кривично дело […]

Во сообраќајка на патот Штип-Велес загина 66 – годишник од Свети Николе, повредени две лица


Во сообраќајката што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес  загина 66 – годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник […]

Уапсени двајца битолчани во Грција кои сакале на див премин да пренесат патник со забрана за влез во ЕУ


  Грчки локални медиуми јавуваат дека двајца странци на возраст од 42 и 46 години, вчера напладне, се уапсени од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност во Лерин поради нелегален превоз на друг странец на див премин на границата Македонија – Грција. Од наши извори дознавме дека станува збор за двајца битолчани, од […]

Десет лица уапсени за трговија со дрога


  Од МВР денеска информираа дека се уапсени десет лица во координирана полициска операција што се спроведе денеска. Четворица од приведени се од Гевгелија, тројца од Струмица, двајца од Струга и едно лице од Демир Капија. Меѓу нив, како што неофицијално дознава ,,Фокус“, се и поранешен градоначалник на СДСМ и син на поранешен градоначалник на […]

Докторка психијатар истепала своја колешка на работа во Битолската болница 


  Докторка  од одделението за Психијатрија нападнала колешка, исто така специјалист психијатар при Клиничката болница Битола. Настанот го потврди и СВР Битола. Двете лекарки, кои се на околу педесеттина години, наводно повеќе време биле во нарушени колегијани односи, велат извори од болницата.   „На 01.03.2024 во 15.50 часот во СВР Битола, Т.Ч.И.(49) од Битола пријавила дека на […]

Притвор од 30 дена за убиецот на малолетникот во Прилеп


Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското село Сенокос поради постоење на основано сомнение да извршил дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.7 од Кривичниот законик. Во влезот од зграда лоцирана на ул.„Кузман Јосифоски“ […]

Десет години земал помош за починатата мајка


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на „семејна инвалиднина“, починала на 22.01.2013, по што во периодот од 01.02.2013 […]

Нападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија


Во Општата болница во Струга вчера била нападната медицинска сестра, сопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село. – Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. […]

Уапсени малолетник и момче од Сенокос за убиството на 14-годишникот во Прилеп


Денеска (01.03.2024) во 04 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“, соопштија од МВР. Имено на 29.02.2024 во 19,37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било […]

Во центарот на Прилеп убиено 14-годишно момче


  Момче на 14 годишна возраст синоќа околу 19,30 часот е пронајдено без знаци на живот со повеќе убодни рани и надворешни крвавења во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот „Гоце Делчев“ наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“. Не давало знаци на живот и било пренесено во градската болница каде биле безуспешни сите обиди […]

Три дена пред Нова година, малолетник се обидел да убие друг малолетник


Малоелтник од Скопје кривично ќе се гони за „убиство во обид“.  Како што соопштија од полицијата, СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. – На 27.12.2023 на паркинг простор на подрачје на Чаир, пријавениот со остар предмет нанел тешка телесна повреда […]

Старец од 90 години најден починат во Кочани – имал видливи повреди


Старец на возраст од 90 години бил пронајден мртов во својот дом во Кочани со повреди по телото. Полицијата истражува можно злосторство. На 28.02.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Ч.М.(90) од Кочани. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со видливи повреди на телото. […]

Застаре случајот „Тендери“ на поранешното СЈО


 Случајот „Тендери“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодамнешните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска. -Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ.бр.149/23 е донесена […]

Малолетник од Скопје со тврд предмет ја нападнал мајка си по полноќ


Малолетник до Скопје физички ја нападнал својата мајка по полноќ.  – Денеска (28.02.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички била нападната од нејзиниот малолетен син, кој употребил и тврд предмет, соопштија од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вооружен грабеж на банка во Илинден


Ограбена банка во скопската населба Илинден. Според првичните информации одземена е голема сума на пари, а осомничениот бил маскиран и вооружен. Во настанот нема повредени лица. Идентитетот на ограбувачот е непознат, а според очевидци тој со парите избегал во непознат правец. Во моментов полицијата врши увид, а официјални информации за настанот од МВР се очекуваат […]

Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман


Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман. Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило. Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ […]