Обид за убиство во Скопје, ранети малолетник и двајца мажи


Двајца скопјани ќе се соочат со кривична за убиство во обид.  – СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(32) и М.И.(52), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 02.08.2023, М.И. со нож му нанел убодна рана на И.С.(28), по што Н.С. со огнено оружје пукал кон […]

Малолетник извршил обљуба врз малолетничка во Струмичко со која бил во љубовна врска


Триесет и осум годишна мајка од струмичко село вчера во Полициската станица во Струмица пријавила дека малолетник од струмичко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка со која бил во љубовна врска, сооштија денеска од СВР Струмица. Како што се наведува во соопштението, малолетникот ја извршил обљубата во периодот од август до ноември лани. Од […]

Убиство во скопско Блаце – продолжува војната меѓу двете скопски криминални групи


Вечерва на патот Горно Блаце – Долно Блаце бил пронајден 56-годишен скопјанец со прострелни рани од огнено оружје кој подлегнал на повредите, велат од МВР. -Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, […]

Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската испостава Гевгелија


Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Како што соопшти Царинската управа, апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим […]

Запалени возило и гаража во Кавадарци


Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.  Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.  За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци […]

Кривична пријава и притвор за скопјанец поради обид за убиство


 Кривична пријава за обид за убиство е поднесена против 36-годишен скопјанец кој на 22-ти овој месец со огнено оружје му нанел повреда на друго лице. – На 22.02.2024 околу 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека […]

Апелација го одби барањето за таткото на Вања да биде ослободен од притовор


Апелациониот суд Скопје го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Судот, жалбата е неоснована. – Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку […]

Полицаец примил поткуп од лице од Косово


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип. На 19.02.2024 при вршење редовна сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот полицаец откако […]

Прилепчанецот кој исчезна пред два дена пронајден мртов


Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне,  за жал, синоќа беше пронајден починат. На Фејсбук се огласи и неговата ќерка, која го објави и апелот за пронаоѓање на овој човек, но потрагата заврши кобно. -Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу […]

Уплатила 5.000 евра за работа во странство – останала и без пари и без работа


Вчера во 11.20 часот во СВР Охрид, 52 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, жената во септември 2023 година на веб страна забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа […]

Oпожарен автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска


Во Прилеп вчера намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија денеска оттаму. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. „Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле […]

Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди


Во две одделни сообраќајни несреќи се прегазени вкупно тројца малолетници во Охрид, кои за среќа, поминале само со телесни повреди.  -Во средата, во 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со […]

РСБСП апелира: Сигурносниот појас спасува животи


Користењето на сигурносен појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот, односно патникот, во случај на ненадејно запирање на возилото или сообраќајна незгода, посочува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во апел да се користат појасите. Според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, сигурносниот појас е склоп од ремени […]

Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓа картичка и со неа си извршил трансакции


Полицијата обзнани случај со крадење на туѓи податоци во теретана. Осомниечен е 17-годишник од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. „На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР. Два […]

Две жени во Скопје биле нападнати од сопрузите – тепани се и малолетници


Во последното деноноќие, повеќе пријави стигнале до полицијата за тепачни низ Скопје, при што настрадале сопруги, малолетници и други лица. ж Во вторникот, во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за […]

Си ги убил сестрата и внукот во кумановско Габреш


Брат ја убил сестра си и нејзиниот син, денеска во кумановското село Габреш, соопшти полицијата. Двајца мртви и еден повреден е епилогот од нерасчистените имтоно-правни односи, информираше СВР Куманово. Шеесет и шестгодишен жител на селото пукал со огнено оружје кон неговата сестра и нејзините двајца синови, при што ја убил сестра си и едниот од […]

Горат гуми спроти фабриката „Киел“ во Желино


Црн чад се издига од пожарот која зафатил поголема количина автомобилски гуми во Тетовско. Тетовските пожарникари се борат со пожар во селото Желино, каде запалени се автомобилски гуми.  Според Центарот за управување со кризи, пожарникарите од тетово интервенираат на пожар на запалени гуми спроти фабриката „Киел3 во селото Желино . Гасењето е отежнато поради големата […]

Скопјанка (67) починала на паркинг во Кисела Вода


Вчера, среде бел ден околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала Д.С.(67) од Скопје. Лекар од Итна едицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Мртов млад маж најден утрово под Железен мост во Велес


Човечкиот труп на млад велешанец утрово  е најден под  Железен Мост, во населбата Дворови во Велес.На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес,информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според […]

Македонец претепан до смрт во Есен, Германија


Македонец на возраст од 32 години бил убиен во германскиот град Есен. Тој бил претепан до смрт по расправија со двајца Еритрејци. Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет објавија германската полиција . Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој […]