Повеќе од 15 лица биле повикани на службен разговор за свирепото убиство на матичниот лекар


Повеќе од 15 лица биле повикани на службен разговор од полицијата за свирепото убиство на матичниот лекар, кое се случи во четвртокот пред полноќ во скопска Железара.

Како што информираат од МВР, полицијата прегледала повеќе од 40 видео снимки од камери, а во тек е и вештачење на автомобилот и телефонот на докторот. 

– Прегледани се повеќе од 40 камери вклучувајќи ги и камерите на Безбеден град,  извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица. Се врши дополнителна криминалистичко техничка обработка на предметното возило. Се обезбедуваат листинзи од телефонски броеви и се врши нивна анализа. Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот – велат од МВР.

Матичните лекари денеска ги затворија ординациите од 12 до 16 часот во знак на револт поради убиството на нивниот колега. Здружението бара да се донесат нови закони со кои би имало поголема заштита на медицинскиот кадар.

– Очекуваме од органите од прогонот да ни кажат што се случува. Се чувствуваме небезбедни. – изјави Д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателка на Здружение на приватни матични лекари.

– Се работи за доктор кој им помага на пациентите, но пред се за човечки живот кој не смее така да заврши – изјави вели д-р Мевлудин Куч од Здружението на приватни матични лекари.

Лекарoт беше е убиен пред поликлиниката „Железара“ во Скопје во неговиот автомобил со повеќе убодни рани, на 21 март. Станува збор за Ацо Трповски (67), кој бил матичен лекар и неговата ординација била во поликлиниката. Автомобилот во кој е пронајдено неговото мртво тело бил на паркингот во близина на поликлиниката.

Тој бил пронајден во 23 часот од неговите синови кои почнале потрага по него откако не се вратил дома.

Ацо Трповски бил познат лекар во неговата фела. Според информациите, тој вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за некој лек, а потоа не се вратил дома по што семејството и пријателите почнале да го бараат. Што се случило по овој настан и како лекарот да биде избоден во сопственото возило во овој момент е мистерија, која треба да ја одгатнат полицијата и истражните органи.