Пожар во Tетовско во објект со инкубатори, угинале 4.000 пилиња


 

 

Денеска. во 3.50 часот, во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во објект (барака) со инкубатори за пилиња во тетовско Камењане, сопственост на 32-годишниот С. Р. од ова село, извести СВР Тетово.

„Нема повредени лица, а во пожарот, според пријавеното, пцовисале речиси 4.000 пилиња. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран“, соопшти СВР Тетово.

Во текот на денот ќе се врши увид.