(Фото-галерија) Среде бел ден, возач со „бе-ем-ве“ удри во три автомобили и турна електричен столб во Прилеп


Teшка сообраќајка се случи попладнево на булеварот „Александар Македонски” на влез во  Прилеп, кај егејските згради.

Неофицијално, возач на „бе-ем-ве“ изгубил контрола и удрил во три други паркирани возила, а турнал и еден електричен столб.

Според информациите од очевидци, има и повредени, затоа што во автомобилот кој возел пребрзо и излетал од патот во спротивна насока имало тројца. Полицијата работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода. 

На местото на незгодата имаше голем број собрани граѓани,  вознемирени од силниот удар. Тие сведочат дека секој ден бесно се вози по оваа сообраќајница, а па ваквите незгоди не се изненадување.