Тешко повреден малолетник од Скопје при судир на „киа“ и трицикл


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Црниче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Т.Т. од Скопје и трицикл „томос“ со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.