Тројца државјани на Македонија во притвор во Црна Гора – измамиле некого за 1.500 евра
Одредени притвори за државјани на Северна Македонија кои се осомничени за измама
Со измама оствариле корист од 1.500 евра
Основното државно обвинителство во Подгорица (ОД) донесе решение за притвор на тројца државјани на Северна Македонија, В.Д. Д.С. и Ф.Д.
Според соопштението на обвинителството, тие се сомничат дека сториле кривично дело измама.
Наведеното кривично дело е сторено по претходно изработен план, па од оштетениот е прибавена противправна имотна корист во износ од 1.500 евра“, велат од обвинителството.