Катица и Боки 13 не треба да му дадат 1,5 милиони евра – според Апелација Камчев не е оштетен


Бизнисменот Орце Камчев, по пресудата за ,,Рекет” во граѓанска постапка ги тужеше Катица Јанева и Бојан Јовановски и од нив бараше да му исплатат 1,5 милиони евра, колку што наводно имало во фамозната торба Луј Витон. Апелација пак пресуди во корист на Јанева и Боки 13, пресекувајќи дека Камчев во случајот немал својство на оштетен. Поточно второстепениот суд ја потврди првостепената пресуда на Граѓанскиот суд.

Камчев и додека траеше судењето за ,,Рекет” предјави имотно побарување, но обвинителството му го одби барањето бидејќи тој немаше својство на оштетен. По ова Камчев поднесе тужба за надомест на штета пред граѓанскиот суд.

Во ,,Рекет” екс специјалната обвинителка Катица Јанева беше осудена на 7 години затвор, а Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 годишна затворска казна.

 

Боки 13 е осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Камчев, за да заедно со Јанева го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ кој го отвори СЈО. Во случајот обвинет беше и Зоран Милевски Кичеец, кој по признание на вина беше осуден на три години затвор