Приведени двајца малолетници во Тетово затекнати при обид да украдат мотоцикл


Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска во 2 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово  лишиле од слобода двајца малолетници.

-Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок