Загина маж од Небрегово


Во вторникот, во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 17.00 часот во с.Небрегово Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос “ без регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал.

Од страна на Итна медицинска помош Прилеп е констатирана смрт на местото на настанот.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.