Студентка од Албанија исчезнала од Македонија


Студентка на Економскиот факултет од Албанија е пријавена за исчезната откако во петокот вечерта и се губи секаква трага. На 21 годишното девојче последната трага му се губи во скопски Илинден.Станува збор за Енкеледа Чела од Албанија, чие исчезнување го пријавиле нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија. Чела е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо, потврдија за МИА роднини на девојката.

– Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива, изјавија за МИА нејзини блиски роднини.

Додаваат дека загриженоста е голема кај сите жители во селото и областа, кај најблиските роднини и нејзиот брат и трите сестри,  но се надеваат дека се ќе има среќен крај. Потврдија дека родителите на девојчето се веќе во Скопје.

Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и еден часот излегла да прошета на којот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела.Но, од тогаш не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.

Случајот е пријавен во полиција. Според пријателите на Чела, МВР в понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката. Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на горните заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми.Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.

Скопје1“ дознава дека исчезнатата испратила и СМС-порака со содржина дека „ќе оди на другиот свет“. Детали од полицијата за спцифичните елементи од потрагата, не се откриваат. Потрагата е интензивирана, но нема детали кои се сомнежите и во која насока се проверките.

Полицијата добила пријава дека 21-годишната Енкеледа Чела од Албанија е исчезната. Оттаму посочуваат дека полицијата веќе има потрага по неа.

„На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР за „Скопје1“.

„Поседен пат е видена во сабота сабајле на бензиска пумпа во населба Илинден. Доколку некој ја видел девојката ве молам пријавете во најблиската полициска станица“, стои во апелот.