Со автомобил влетале низ влезна врата и украле сеф со пари во маркет во Црниче


Во населбата Црниче ноќеска бил ограбен маркет откако била демолирана влезната врата, а не куртулиле ниту излозите, јави Скопјеинфо.

Според првичните информации, маркетот е ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се запалил, а разбојниците го зеле сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.

-На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.