Цените на основните производи се намалени до 10 проценти, мерките вродија со плод, вели Ковачевски


  Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува. Ова значи дека мерките кои Владата ги […]

Премиерот не исклучува ревизија на стапката на БДП


  На Бруто домашниот производ (БДП) влијаат многу параметри кои во услови на криза се менуваат со многу побрза динамика. Од таа причина и Светска банка (СБ) сигурно до крајот на годината ќе излезе со уште неколку проценки, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во коментар на корекцијата на македонскиот БДП на 2,4 отсто за годинава […]

Канадски „Магна мехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра и ќе вработи 600 лица во ТИРЗ Штип


  Нови 40 милиони евра инвестиција и најмалку нови 600 работни места во Технолошко индустриската развојна зона во Штип ќе донесе фабриката која што ќе ја изгради канадската компанија „Магна мехатроникс“ и во која же се произведуваат компоненти за автомобилската индустрија. Инвестицијата денеска на прес конференција ја најавија премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Дирекцијата […]

Шеф на фирма за вработување: Компаниите нема да нудат работа за постојано, туку шанса за учење


Компаниите на потенцијалните работници,  сѐ почесто им нудат прилика за стекнување нови знаења, а не работа на подолг рок, ако се земат во предвид технолошките промени во поспандемискиот свет, вели директорот на американската фирма за вработување „ManpowerGroup“. „Работодавачите нема да ветуваат работа на рок од 15 години. Но, ќе ви ветат дека кога ќе се […]

ЕСМ почна да продава вишоци струја


Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продало 330 мегават часови вишок електрична енергија, соопштија од Владата.   Ова доаѓа откако завчера по цела една година прекин, во мрежата беше вклучен и третиот блок на РЕК Битола, откако беше инсталиран трансформаторот на овој енергетски капацитет.   АД ЕСМ информира дека вчера биле произведeни 19.774 мегават часови електрична […]

Забавувањето на инфлацијата во САД ги подигна индексите на Волстрит


  Американските берзански индекси пораснаа во четвртокот, продолжувајќи го својот раст трет ден по ред благодарение на податоците за забавување на растот на инфлацијата во САД, кои ги зајакнаа очекувањата на инвеститорите дека ФЕД во иднина помалку агресивно ќе ги зголеми каматните стапки. Индексот Дау Џонс порасна во четвртокот за 216,96 поени или за 0,64 […]

Народната банка на Србија ја зголеми основната камата десетти пат по ред, наскоро повисоки рати за кредитите


Народната банка на Србија ја зголеми основната камата десетти пат по ред, за 25 базични поени, на ниво од 5,25 отсто, а наскоро се очекуваат и повисоки рати за кредитите. Тоа практично значи дека, како и досега, за граѓаните ќе поскапат ратите од кредитите во наведениот износ од 0,25 отсто. Овој пораст на каматите главно […]

(Видео) Ковачевски и Деспотовски информираат за првата нова инвестиција во 2023.


Проследете ги изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на директорот на Дирекцијата за Технолошки-индустриски развојни зони Јован Деспотовски за резултатите од годината што измина во ТИРЗ, како и за првата нова инвестиција во 2023 година.

Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност


  Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Таа посочи дека проекциите на меѓународните финансиски институции во […]

Буџетот на САД во декември имаше дефицит од 85 милијарди долари


  Буџетскиот дефицит на федералната влада на САД во декември се зголеми на 85 милијарди долари, што е речиси четирипати повеќе во споредба со истиот месец од претходната година. Министерството за финансии на САД го објави својот буџетски извештај за декември. Во декември од фискалната 2023 година, која започна на 1 октомври 2022 година и […]

Сојузот врачи благодарници за три странски амбасади за поддршка на интернационализација на бизнисите


Сојузот на стопански комори на Македонија додели благодарници за успешна соработка на Амбасадата на Јапонија, Амбасадата на Народна Република Кина и Амбасадата на Босна и Херцеговина со кои во изминатиот период успешно реализираше заеднички активности и проекти. Благодарниците ги примија амбасадорот на Јапонија во РСМ Казуја Отсука, амбасадорот на Босна и Херцеговина во РСМ, Драган Јаќимовиќ и Хе […]

Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто


Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година. Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика  покажува тенденција на намалување на инфлацијата […]

Инфлацијата во САД забави и во декември


  Инфлацијата во САД забави и во декември, како одраз на благ пад на цените на горивото, покажаа владините податоци во четвртокот. Годишната стапка на инфлација падна на 6,5 отсто во декември, што е најниско ниво од октомври 2021 година, објави Министерството за труд. Во ноември беше 7,1 отсто, а во октомври 7,7 отсто. Таа […]

Ако „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договорот, ЕСМ ќе ја активира банкарската гаранција, вели Ковачевски


  Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно Договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција. Ковачевски најави дека идната недела ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании ресгиртирани во државата да достават понуди за снабдување со гас […]

Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година


  Околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) по денешната промоција на интернационалниот саем „Vakantiebeurs Utrecht“, кој се одржува од 12 до 15 јануари во Холандија. На првиот ден на манифестацијата, денеска, биле […]

Зголемувањето на минималната плата нема да влијае негативно врз приватниот сектор, смета премиерот


  Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата кое е најавено за март годинава. Според Ковачевски, и кога се зголемуваше минималната плата на 18 проценти, стопанските комори немаа никаква забелешка со оглед дека просечното ниво на плати во приватниот […]

Ковачевски: Сите капацитети се во функција, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува


  Сите капацитети за производство на електрична енергија во државата се во функција и работат. Граѓаните да бидат спокојни, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“. Како што истакна Ковачевски, сите напори на Владата беа насочени кон справување […]

Изјави на премиерот Ковачевски и министерот Бектеши по посетата на РЕК Битола (видео)


Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола Пеце Матевски во работна посета на Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“.

Во Германија има околу два милиони слободни работни места


  Недостигот од работна сила се повеќе се чувствува во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавачи, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението.   „Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра“, објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе […]

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто


  Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто, објави денеска Српскиот завод за статистика. Како што е наведено, инфлацијата на годишна основа во декември 2022 година изнесувала 15,1 отсто. Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, што ја мерат инфлацијата, во декември 2022 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во […]