Инсталирање постројка за струја во „Еуроникел индустри“, јавна расправа за еколошкото влијание


  Јавна расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина во врска со проектот Инсталирање постројка за производство на електрична енергија во „Еуроникел индустри“, ќе се одржи идната среда во Кавадарци, согласно Законот за животна средина. Како што информираат денеска од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, студијата е достапна на веб страницата на […]

СБ го корегира на 2,4 проценти растот на македонската економија за 2023 година


Светска банка во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани. Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 проценти. СБ има надолна ревизија и на проекцијата за македонскиот […]

Над 90 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот


Белгија – Зголемувањето на трошоците за живот е најголемата грижа за 93 отсто од Европејците, покажува најновото истражување на Евробарометар изработено за Европскиот парламент. Анкетата покажува дека поддршката за ЕУ останува стабилна и висока, при што граѓаните очекуваат Унијата да продолжи да работи на решенија за ублажување на ефектите од кризите. Во секоја земја-членка на ЕУ, […]

Пренесени 389.526 броеви во мобилните мрежи, 196.963 во фиксните, јавна расправа за Правилникот


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска отвори јавна расправа за Предлог правилникот за измена на Правилникот за преносливост на броеви.  Од почетокот на опцијата за преносливост на  броеви што стартуваше во септември 2008 година заклучно со 30 јуни 2022 година, се регистрирани 389.526 пренесени броеви во мобилната телефонија, а во фиксната  196.963. Промената во Правилникот […]

Ангеловска Бежоска ‒ Рухе: НБ и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност


И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за да се исполни мандатот на […]

Премиерот Ковачевски во работна посета на РЕК Битола


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“, каде како што е најавено, ќе се разгледа процесот на производство на електрична енергија и вклучување на мрежа на Блок 3 и работа на термоелектраната со максимален капацитет со сите три блока. При посетата на РЕК Битола, покрај премиерот Ковачевски ќе бидат присутни […]

Креаторите на апликации на „Еп стор“ досега заработиле 320 милијарди долари


  „Епл“ објави дека досега, од 2008 година, на креаторите на апликации им платил рекордни 320 милијарди долари. Исто така, компанијата моментално има повеќе од 900 милиони претплатници на различни услуги на „Епл“. „Еп стор“ (App Store) се соочи со многу предизвици во текот на 2022 година и може да се каже дека беше најтешката […]

Цената на санкциите: Русија ќе изгуби 100 милијарди долари со ценовниот плафон


  По воведувањето на плафонот на цените на нафтените деривати, Русија ќе загуби околу 102 милијарди долари годишно. Блумберг пишува за ова повикувајќи се на пресметките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА). Русија веќе губи 170 милиони долари дневно поради ембаргото за нафта на ЕУ од 5 декември и плафонот на […]

Се вжештува трката на авиопревозници на Балканот, „Луфтханза“ воведува летови до Скопје


  Летово „Луфтханза“ воведува летови до Скопје и го зголемува бројот на летови до Белград, Дубровник, Љубљана, Сараево и Загреб. „Визер“ ги зголемува фреквенциите кон исток од Сараево, пишува порталот Екс-Ју авиејшн . Германската авиокомпанија „Луфтханза“ летово ќе ги зголеми своите операции низ Балканот на седум пазари во регионот, воведувајќи нови и зголемувајќи го бројот […]

Во Србија интензивни разговори за гасната интерконекција со Северна Македонија


  Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Чедовиќ денеска остварила средба со генералниот директор на ЈП „Србијагас“ Душан Бајатовиќ, на која разговарале за планираната гасна интерконекција со Северна Македонија, како и за текот на изградбата на гасната интерконекција Србија – Бугарија. Во соопштението на Министерството за рударство и енергетика на Србија се наведува дека […]

Ќе има јавна расправа за Законот за плати и потоа финално законско решение


Законот за плати е нешто што го најавив уште изминатава година, а целта е воведување на конзистентност и хиерархиско усогласување на платите во различни сектори и помеѓу различни сектори. Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика имаа задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани овие прашања и […]

„Пекабеско“ лани ги намали цените за 8 отсто, поради субвенционирањето на струјата


Прмиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“. Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека вакви успешни компании ѝ требаат на нашата економија, а Владата се грижи во време на голема непредвидливост наметната од економската […]

Ковачевски: Обезбедуваме стабилни услови за раст на компаниите и добро платени работни места


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети ИТ компанијата „Дигикубе“, каде имаше средба со вработените. Премиерот, при посетата се запозна со начинот на работата на компанијата, која е специјализирана за софтверски решенија во ИТ секторот, каде остварува значителни успеси. Премиерот Ковачевски им се обрати на присутните, изразувајќи ја поддршката за иновативните продукти на компанијата која користи […]

Бектеши: За помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека за помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција. – Со децении не биле подготвени сите капацитети да произведуваат електрична енергија. За помалку од една година веќе сите капацитети се во функција и ќе бидат ставени во функција на потребите на бизнисот и […]

Оние што ќе градат фотоволтаични централи ќе мора да инсталираат и батерии


  Од годинава оние кои што ќе градат фотоволтаични централи најверојатно ќе мора да инсталираат и батерии со цел да се балансира снабдувањето со електрична енергија. Според најавите, таквата обврска ќе биде од 10 – 20 отсто од инсталираниот капацитет на фотоволтаичната централа, што ќе доведе и до зголемување на инвестицијата за околу 20 до […]

Со стадо од 4.000 овци и 50 коњи убаво се живее – приказната на Насер Џемаили


  Насер Џемаили од Тетово, по струка технички ветеринар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе. „Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите пречки да продолжам да ја развивам фармата. Пред четири години почнавме да се занимаваме и […]

Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер


Со воведување на новата услуга електронска идентификација преку мобилната апликација OneID, Комерцијална банка им овозможи на клиентите лесен, безбеден и брз пристап до повеќе производи и услуги од кое било место во светот и во кое било време. Со оваа услуга клиентите на Комерцијална банка добија нова и модерна алатка за користење производи и услуги […]

При набавката на природен гас за јануари избрана е поевтината понуда, вели Ковачевски


Набавката на природен гас во ЕСМ за јануари е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Од двете доставени понуди беше избрана поевтината цена на гас за јануари, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“, Ковачевски не одговори  дали некој ќе сноси одговорност што е склучен договор […]

Изјави на Ковачевски, Николовски и Бектеши по посетата на „Пекабеско“ (видео)


Проследете ги изјавите на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши кои се во посета на компанијата „Пекабеско“.