Биткоинот падна под 20.000 долари


Листата на компании „заглавени“ во Банката во Силиконската долина е долга, вклучувајќи го и (со  3,3 милијарди долари) Circle кој стои зад стејблкоинот USD Coin.

Вчера неговата вредност видно се одвои од односот 1:1 со доларот и се лизна на рекордно ниско ниво, сè до 0,87 долари, а тоа влијаеше и на биткоинот, кој се спушти под 20.000 долари. Потоа, Circle ја врати довербата со некои смирувачки зборови, па до неделата наутро, монетата на USD се тргуваше по 0,97 долари.