„Кристал 1923“ инвестира во современа, поеколошка опрема со поддршка на ЕБОР И ЕУ


  Со растечките цени на енергијата и останатите предизвици, светските пазари и ланците на снабдување, насекаде ги поттикнуваат деловните ентитети да размислуваат како да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците за електрична енергија. Во Северна Македонија, една од многуте компании кои решија да инвестираат во енергетска ефикасност е „Кристал 1923“, компанија со долгогодишна […]

Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија за оваа и за наредната година


Светска банка ја намали прогнозата за раст на домашниот бруто-производ на Македонија за оваа година за 0,7 процентни поени во однос на јунските проекции, на 2,4 отсто, покажува најновиот, јануарски, извештај на банката „Глобални економски изгледи“, објавен вчера. Намалени се и прогнозите за наредната 2024 година за 0,5 процентни поени на 2,7 отсто, стои во […]

РЕК „Битола“ работи со полн капацитет, и Блок 3 ставен во функција


Блок 3 на РЕК „Битола“ е ставен во функција, соопшти „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). Како што посочуваат од ЕСМ, вчера попладне, во 17:35 часот блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. „Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК ‘Битола’ и од производителот будно ја […]

Над 100 пријавени е-трговци за „Ecommerce Awards 2022“, рокот за пријавување истекува во петок


  Годинава по втор пат се организира изборот за најдобрите во е-трговијата „Ecommerce Awards 2022“ преку кој ќе бидат наградени и препознаени најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина, соопштија од македонската […]

Пауел: ФЕД ќе прибегне кон непопуларни мерки за да ги стабилизира цените


  Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во вторникот ја истакна потребата централната банка да биде ослободена од политичко влијание додека се занимава со постојано високата инфлација. Во говорот во седиштето на шведската Риксбанк во Стокхолм, Пауел истакна дека стабилизирањето на цените бара носење тешки одлуки кои можеби се политички непопуларни. „Стабилноста на цените е […]

Четири американски банки се подготвуваат за пад на профитот и рецесија


  Четири американски банкарски гиганти – Џи-Пи Морган Чејс (JPMorgan Chase & Co), Бенк оф Америка (Bank of America Corp), Ситигруп (Citigroup Inc) и Велс Фарго (Wells Fargo & Co) – ќе ја објават заработката во петок. Заедно со Морган Стенли и Голдман Сакс, тие ги сочинуваат првите шест заемодавци за кои се очекува да […]

Светска банка: Глобалната економија годинава би можела да падне во рецесија


Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст. Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7 […]

Производителот на луксузни автомобили „Бентли“ постигна рекордна продажба


  Бентли е последниот производител на луксузни автомобили кој соопшти дека постигнал рекордна продажба, јави ДПА. Компанијата со седиште во Кру, јужно од Манчестер, соопшти дека минатата година испорачала 15.174 автомобили. Тоа е 4 проценти повеќе отколку во 2021 година, и е поттикнато од рекордната побарувачка во Америка, Европа и Азија-Пацифик. Ролс-Ројс вчера соопшти дека […]

Фиксни или пазарни цени – кој се „лизна“ при набавките на гас


  Цените на природниот гас во Европа изминатите неколку недели паднаа на нивоата кои беа пред почетокот на војната во Украина, што наведе многумина во земјава да го актуализираат прашањето како да се пристапи при набавката на овој енергент во наредниот период. Ова прашање е горливо особено во релацијата „Електростопанство на Македонија“ – „Макпетрол“, откако […]

Јовановиќ : Очекувањата се дека инфлацијата и годинава ќе биде висока


Најновите податоци покажуваат дека цените во декември имаат мало намалување во однос на ноември, од 0,2 отсто, што е позитивно, затоа што е прво намалување по скоро година и половина континуиран раст. Сепак, намалувањето е минимално и се должи на мерката на Владата за субвенционирање на цената на струјата на одредени компании од прехранбената индустрија. […]

Цевките на топловодот од РЕК стигнаа во Битола


Цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Започнаа градежните активности за спроведување на топловодот во индустрискиот дел од градот. Изградени се дванаесет километри од топловодната гранка од РЕК до Битола, информираше денес директорот на Топлификација Битола, Горан Козаров од местото во чија непосредна близина ќе се гради постројката за дотоплување на […]

Само Бугарија, Турција, Индија и Кина купуваат руска нафта од танкери


  Министерството за енергетика на Русија одлучи да се бори против попустите на руската нафта со следење на нафтените договори откако цената на клучната руска класа Урал падна под критичните 40 долари за барел, соопшти Интерфакс. Министерството потсетува дека декретот на рускиот претседател Владимир Путин забранува снабдување со нафта според договори кои предвидуваат примена на […]

Бесими на „Еуромани“: Фискалната консолидација дава резулати во намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг


  Владата спроведува здрави политики кои дадоа соодветен одговор на кризата и поставуваат основа за натамошен долгорочен развој. Водиме претпазлива фискална политика која ја штити стабилноста на јавните финансии и посветено работиме на намалување на буџетскиот дефицит кој годинава е проектиран на ниво од 4,6 отсто од БДП, а наредната треба да се спушти на […]

„Минхен Ре“: 2022 година е меѓу најскапите во историјата на осигурувањето


  Изминатата 2022 година е рангирана меѓу најскапите во историјата на осигурувањето поради природни катастрофи, со најголема штета предизвикана од ураганот Иан во САД и поплавите во Австралија, објави денеска реосигурителот „Минхен Ре“. Природните катастрофи предизвикаа околу 120 милијарди долари штети покриени со осигурување минатата година, слично како во 2021 година. Најголемиот износ е постигнат […]

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, 1.200 луѓе ќе добијат отказ


Американската компанија за онлајн продажба „Амазон“ соопшти дека планира да затвори три магацини во Велика Британија, што ќе значи отпуштање на 1.200 вработени. „Амазон“ со седиште во Сиетл минатата недела објави дека планира да укине повеќе од 18 илјади работни места, штр би било последно во серијата отпуштања што го зафатија секторот. Истовремено, вработените во […]

Емисионите вредности на „Макстил“ во текот на цела 2022 година се многу пониски од дозволените


  Емисионите вредности на цврсти честички на „Макстил“ во текот на цела 2022 година се далеку пониски од дозволените, гранични вредности. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двата оџака активни во производниот процес и ги објавува квартално. Секој од овие извештаи покажал неколкукратно пониски вредности од дозволените. Во текот на измината […]

Само една германска компанија има потреба од 25 илјади работници


  Германија е гладна за работна сила, која сѐ повеќе се обидува да ја добие од земјите од Западен Балкан. Сега е објавено дека германската национална железница (Дојче бан) годинава има потреба од нови работници, дури 25 илјади. Околу девет илјади ќе бидат распоредени на работни места кои се нови и штотуку се воведуваат во […]

Џентилони: На ЕУ ѝ се потребни нови мерки за поддршка на компаниите за енергетска транзиција


  На ЕУ и се потребни нови начини за поддршка на компаниите во процесот на енергетска транзиција, како и спротивставување на ефектите од американската државна поддршка на американските конкуренти, изјави денеска европскиот економски комесар Паоло Џентилони. Тој, за финансискиот холандски дневен весник ФД, изјави дека е неопходно да се надминат негативните економски ефекти од војната во Украина, што најмногу се чувствуваат во Европа во споредба […]

Публикација на ИНФЕ-ОЕЦД: НБ спроведува активности за финансиска едукација преку дигиталните канали


  Народната банка (НБ) за задоволување на потребите и ограничувањата на различните групи население користи различни дигитални алатки и канали за финансиска едукација, при што е евидентна примената на едукативните видеоматеријали, се истакнува во анализата посветена на Дигитализацијата на финансиите на потрошувачите и финансиското образование во Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за […]

Планина на долгови: Скриениот долг достигна 65 билиони долари (инфографика)


  Обемот на скриените долгови низ светот е огромен. Не помалку од 65 билиони долари (65 илјади милијарди) неевидентиран долг циркулира низ глобалниот финансиски систем во банки што не се во САД и банки во сенка. За споредба, глобалниот БДП е проценет на 104 билиони долари. Овој доларски долг е во форма на девизни свопови, […]