Трговци ќе платат 15.600 евра оти не ја замрзнале цената на лебот


Претходната недела Државниот пазарен инспекторат има извршено 750 надзори во трговски објекти на територијата на цела Македонија.

Со цел да се утврди дали трговските објекти ја почитуваат владината одлука за намалување на цената на лебот до 33 денари извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во средности од 960.000 денари за непочитување на оваа одлука.

Од инспекторатот вршеа увид и за тоа дали се спроведува одлуката трговските објекти да набавуваат доволни количини леб по намалена цена.

Вкупниот резултат од минатонеделните инспекции, како што информира директорот на ДПИ Горан Трајковски, се издадени 65 прекршочни платни налози во вредност од над 3 милиони денари.