Нов удар: Негативна оцена за американскиот банкарски сектор


Како остар удар врз веќе расклатениот сектор, Мудис (Moody’s Investors Service) ја намали оцената на целиот американски банкарски систем од стабилен на негативен.

Компанијата, дел од трите големи сервиси за оцена на рејтингот, во понеделникот соопшти дека го прави чекорот во светлина на колапсот на клучните банки што ги поттикна регулаторите да стапат во недела со драматичен план за спас на штедачите и другите институции погодени од кризата.

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис  денеска објави дека ставила шест американски банки на листата за повторна анализа поради потенцијално намалување на рејтингот, по минатонеделниот колапс на Банката на Силиконската долина (Silicon Valley Bank – SVB).

Според Си-Ен-Ен, Мудис соопшти дека се очекува повеќе банки да бидат под притисок по колапсот на СВБ, особено оние со големи залихи на неосигурани депозити и долгорочни државни обврзници чија вредност е ослабена.

Мудис очекува притисокот врз банкарскиот сектор да продолжи, бидејќи Федералните резерви продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да се борат против инфлацијата.

Мудис додаде дека дополнителна загриженост е што американските банки ја зголемуваат каматата што ја плаќаат на штедните сметки и дека иако банките се надеваат дека повисоките стапки ќе ги задржат клиентите загрижени за колапсот на СВБ, тоа исто така може да го намали профитот.

Мудис вели дека добрата вест е што американскиот банкарски систем е генерално здрав, дека има доволно пари и ликвидност за да ја издржи економската криза, но дека лошата вест е што американските регулатори може да бараат од нив да држат повеќе капитал по брзиот колапс од на СВБ.

Мудис предупреди дека рејтинзите на First Republic Bank (FRC), Zions (ZION), Western Alliance (VAL), Comerica (CMA), UMB Financial (UMBF) и Intrust Financial може да се намалат, објаснувајќи дека „поради екстремно нестабилните услови за финансирање , некои американски банки се изложени на ризик од одлив на неосигурени депозити“.