Грција воведува шестдневна работна недела


Во јули во Грција се воведува шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper, пренесува Индекс.хр.

Според законот, работниот ден и дополнително работно време не смее да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми или фарми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Што се однесува до ограничувањата, работникот не смее да работи повеќе од 8 часа на шестиот работен ден, а не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите или фармите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.