Инженерот Маркоски од „Брако“ на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата


Раководителот на Секторот за истражување и развој во „Брако“, Никола Маркоски, единствен од Северна Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Дизелдорф.

Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на „Брако“ при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа изнајдени во процесот .

Возилото на „Брако“ за одржување хигиена во урбани средини на погон на водород е целосно развиено во „Брако“ и единствено такво возило во светот, така што искуството при неговото развивање наиде на интерес кај стручниот форум на конференцијата во Германија.

На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.

Никола Маркоски е магистер по применета физика, кој своето образование го стекнал на светски познатите универзитети во Москва и Минхен, а во „Брако“ раководи со тим од дванаесет инженери задолжени за истражување и развој во компанијата, која произведува широка палета, вклучително и високотехнолошки производи.