Деловната и политичката елита во Давос – почнува 53. Светски економски форум


Швајцарија- 53. Светски економски форум во Давос, ќе се одржи од утре до 20 јануари на кој ќе се соберат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности. Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 […]

Нови предизвици пред производството на храна


Производството на земјоделски производи и храна е пред нови предивици и оваа година. Почетокот на годинава покажува добра состојба на житните култури, особено лебното зрно кое во Прилепско-пелагонискиот регион е посеано на 15 до 20 насто поголеми површини. Временските прилики, реализацијата на владините мерки за зголемено производство на храна и проценката на земјоделците и сточарите […]

Годинава ќе се фокусираме на долгорочните мерки за аерозагадувањето, пред се на изградбата на гасоводот како трајно решение, вели Нуредини


Како Влада очекувам во 2023 година да се фокусираме на долгорочни мерки за аерозагадувањето, пред се на изградбата на гасоводот, бидејќи само со што поскора гасификација на државата ќе можеме трајно да го решиме проблемот. Дополнителни активности ќе бидат субвенциите што преку Министерството за економија ќе се даваат за стимулирање на користење на обновливи извори […]

Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура


Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Нуредини во Дневникот на […]

Грчкото мешовито претпријатие гради електрана на природен гас во Александрополис


  Изградбата на новата електрана на природен гас во Александрополис, клучен проект за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион, беше најавена денеска на официјална церемонија, одржана во присуство на премиерот Киријакос Мицотакис. Електраната Александрополис ја гради Грчкото мешовито претпријатие кое се состои од трите главни енергетски групации во Грција – „PPC“, „DEPA Commercial“ […]

Нема барања за поставување фотоволтаици за да се легализираат објекти во Штип


  Ниту едно барање не пристигнало до Општина Штип за поставување фотоволтаици на индустриски градби со цел да добијат легален статус на објектот. Лазар Хаџи Николов раководител на Сектор за урбанизам при Општина Штип вели дека интерес има, но официјално барање до нив не е пристигнато, а рокот истекува на 26 јануари годинава. – Можат […]

За три месеци домаќинствата и малите потрошувачи заштедиле над 15 отсто електрична енергија


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук-профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 проценти, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 проценти. – Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 […]

ЕСМ: „Макпетрол“ имаше повисока цена за природен гас во споредба со другиот понудувач


  Во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари 2023 година, во постапката спроведена од страна на ЕСМ Продажба, цената понудена од Балкан Јутилитис од 115,97е/MWh беше пониска од цената понудена од Макпетрол од 116,20e/MWh. Во тој момент цената на берзата изнесуваше 137 e/MWh, соопшти […]

И големиот „Блек Рок“ отпушта до 500 работници


Најголемата светска инвестициска компанија „Блек Рок“  („BlackRock“) планира да отпушти до 500 работници. Потегот, објавен во меморандум што го виделе Инсајдер и Блумберг, доаѓа додека Вол Стрит продолжува да паѓа поради високите каматни стапки кои го зголемија ризикот од рецесија. Компанијата имаше 19.900 вработени заклучно со 30 септември, според поднесеното барање до Комисијата за хартии […]

Ангеловска-Бежоска очекува дефицитот на тековната сметка на среден рок да се намали на околу 3 отсто од БДП


  „Минатата година дефицитот на тековната сметка на платниот биланс, според октомвриските проекции, се проценува на околу 7% од бруто домашниот производ (БДП), а на среден рок се очекува постепено намалување на околу 3% од БДП во просек. Зголемувањето на надворешно-трговскиот дефицит минатата година, доминантно како резултат на растот на цената на енергентите, влијаеше на […]

„Макпетрол“: Пресметките докажуваат дека државата ќе плати повеќе од еден милион евра за набавката на природен гас


  Компанијата „Макпетрол“, во соопштение до медиумите вели дека државата ќе плати повеќе од еден милион евра за набавката на природен гас, поради начинот на кој ја избра фирмата снабдувач. Соопштението го пренесуваме во целост: Повеќе владини претставници и директорот на АД „ЕСМ“ изминатиов период во јавноста изнесоа низа невистини во врска со повикот за […]

Месец и половина пред рокот: Откупена речиси цела реколта тутун


Реколтата тутутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Досега се преземеи 98 насто од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари, велат од Сојузот на земјоделските здруженија, нагласувајќи дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети. -Откупени се 20.800 тони, што е […]

Млекото и јајцата во Србија поскапи и до 43 отсто


Оние кои во Србија морале да купат дрво, јаглен или пелети во декември морале да платат во просек 51,4 отсто повеќе отколку во декември 2021 година. Според податоците за потрошувачките цени на Институтот за статистика за последниот месец од минатата година, ова е ставката што најмногу поскапела во претходната година. Иако вкупната годишна инфлација во […]

„Тоа беа опасни времиња“: Како се печатеа првите македонски пари


  Приказната за македонските официјални пари како валута е повеќеслојна. Многузначајна, проткаена со желбата да ѝ се помогне на државата што се осамостојуваше во почетокот на 90-тите години од минатиот век. Како се печатеа првите македонски пари? Фасцинантна е приказната за печатењето на парите во Прилеп. Зошто македонската валута почна да се печати во прилепската […]

По речиси три години РЕК Битола работи со максимален капацитет, во функција трите  блока


  Најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола после речиси три години првпат работи со трите  блока. Неодамна заврши монтажата на трансформаторот на третиот блок што го изработи турската компанија „Астор“, тој е приклучен на мрежа и произведува електрична енергија. Непречено работат и останатите термопостројки во земјава РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино и ЕСМ енергетика, како […]

Поскапиот увоз ја чинел германската економија 110 милијарди евра


  Германската економија порасна минатата година, но во исто време увезува драматично поскапа енергија и полупроизводи, па реалниот приход падна за 0,7 отсто, објави во петокот економскиот институт Ифо. Во 2022 година, Германија заврши со раст на бруто домашниот производ од 1,9 отсто, но „поголем дел од тој колач отиде во странство, преку поскап увоз“, […]

Платата на директорот на „Епл“ намалена за повеќе од 40 отсто


„Епл“ ќе ја намали годишната плата на извршниот директор Тим Кук за повеќе од 40 отсто, се вели во документот на компанијата објавен од американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Технолошкиот гигант вели дека Кук побарал кратења по критиките од акционерите, објави денеска Би-би-си. Комитетот за компензација на компанијата му додели на Кук вкупна […]

Блумберг: Кина може да стане клучен извозник на дизел во Европа


  Кина би можела да стане клучен извозник на дизел во Европа поради санкциите наметнати од западните земји за руското гориво, пишува Блумберг. Според извештаите, Кина го зголемила извозот на дизел во последните месеци, од кои дел се испраќа во Европа. „Кинескиот извоз на дизел би можел да биде помеѓу 400.000 и 600.000 барели дневно […]

Зголемен прометот во индустријата во ноември лани


  Прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, се зголемил за седум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 26,2 проценти и Нетрајни производи […]

ТИРЗ лани со раст на извозот од 26 отсто


  Вкупниот обем на извозот на компаниите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2022 година е 3,75 милијарди евра или за 26 отсто повеќе отколку во претходната 2021 година кога растот беше 14 отсто. Првпат во третиот квартал од 2022 година беше надминат прагот од една милијарда евра извоз, а во сите четири квартали […]