Подобро по 2.000 денари на сиромашните, отколку да се замрзнат цените на производите


Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров не се согласува со одлуката за замрзнување на цените на прехранбените производи.

Димитров вели дека тоа не е решение на долг план, а исто така предложи што е подобро да направи Владата во овој случај.

– Некој ќе праша, ја намаливте цената на лебот, но не на лековите и струјата. Ако е така да се вратиме во социјализам. Државата не може сè да контролира. Ова е добро на краток рок, но на долг план е подобро да се исплаќа по 2.000 денари на најсиромашните и загрозените категории на граѓани. Тоа помалку ќе чини, отколку вака Владата да се кара со цело стопанство, вели Димитров.