Бензините поевтинуваат за три денари, дизелот за два


За три денари ќе поевтинат бензините од ноќеска на полноќ, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а 68,50 на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари …

Бензините поевтинуваат за три денари, дизелот за два Read More »

Новиот Закон за земјоделско земјиште овозможи и должниците да закупат земјиште


Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште. Со тоа, од денеска започнуваат да течат роковите за поднесување на барања за воведување во владение за договорите за закуп на државно земјоделско земјиште кои се склучени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, а кои не се воведени во …

Новиот Закон за земјоделско земјиште овозможи и должниците да закупат земјиште Read More »

АХВ забрани увоз на свинско месо и преработки од Србија поради африканска чума


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума. Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и …

АХВ забрани увоз на свинско месо и преработки од Србија поради африканска чума Read More »

Должиме повеќе од 160 милиони евра за даноци и придонеси


Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници која е зголемена за 716 нови кои не ги платиле даноците и придонесите. На листата се 2.013 должници – правни лица и 2.509 физички лица. Тие вкупно должат 160,3 милиони евра (9.855.487.876 денари). Од него за даноци и придонеси отпаѓаат 157,8 милиони евра (9.704.800.807денари), …

Должиме повеќе од 160 милиони евра за даноци и придонеси Read More »

Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите


Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук. – Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот …

Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите Read More »

Прва масовна аукција на недвижности во Грција од 110 милиони евра


Грција– Во Грција во тек се подготовките за првата голема аукција на недвижен имот што бил дел од залогот за подигнат кредити во една банка, која не успеала да ги продаде поради малиот интерес на купувачите. На аукцијата предмет на понуда се два пакета со вкупно 950 недвижности, а продажбата ќе биде спроведена во април …

Прва масовна аукција на недвижности во Грција од 110 милиони евра Read More »

Малезија ги обвинува директорите на Голдман Сакс за проневера


Малезија – Малезија поднесе обвинение против 17 актуелни и поранешни директори на американската инвестициска банка Голдман сакс поради сомнение дека учествувале во проневери со вредност од неколку милијарди долари. Шефот на таа банка за странски операции Ричард Гнод е обвинет дека во 2012 и 2013 помагал при собирањето 6,5 милијарди долари за малезискиот државен инвестициски фонд …

Малезија ги обвинува директорите на Голдман Сакс за проневера Read More »

Субвенции за набавка на приплоден добиток за помал увоз


Со субвенции за купување педигрирани грла и зголемување на исплатите за предадено млеко, Министерството за земјоделство сака да го запре падот на бројките во сточарството. Годинава за набавка на приплоден добиток на располагање се 151 милион денари. Вчера беа потпишани првите 7 од 70 договори за набавка на педигрирани грла. „Средствата се обезбедени од Програмата …

Субвенции за набавка на приплоден добиток за помал увоз Read More »

Млади риби ги скараа Косово и Македонија


Косово ѝ се закани на Македонија со трговска војна додека ресорниот министер е на одмор. Косовската страна најави дека за забранетиот увоз на икри и млади риби во Македонија ќе одговори со царини на македонскиот извоз. Проблемите меѓу двете пријателски земји ќе се решаваат, но постодморски. Иако проблемот датира од јуни, ескалираше деновиве, а во …

Млади риби ги скараа Косово и Македонија Read More »

Јани Бојаџи нов директор на ТВ Алфа


Режисерот и продуцент Јани Бојаџи поставен е за директор на телевизијата АЛФА СКОП ДОО, откако на Васко Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор, соопшти сопственикот на телевизијата. „Менаџментот донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе …

Јани Бојаџи нов директор на ТВ Алфа Read More »

Димковски: Забраната за увоз на порибителен материјал не се однесува само на Косово


Забраната за увоз на порибителен материјал во земјава не се однесува само на Косово, туку и на сите држави кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. -Од Косово може да влегува свежа риба во …

Димковски: Забраната за увоз на порибителен материјал не се однесува само на Косово Read More »

Досега поделени над 33.000 картички за „зелена нафта“


Вчера почна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ на земјоделците од Велес, Чашка и Градско, кои се во вкупна вредност од околу шест милиони денари. Преку оваа мерка, и институциите и земјоделците се приспособуваат кон земјоделската политика на ЕУ, а на сметките на 55.000 земјоделци во Македонија се враќаат околу 200 милиони денари …

Досега поделени над 33.000 картички за „зелена нафта“ Read More »

Арсовска: Не ни требаат дополнителни задолжувања


Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Даниела Арсовска, смета дека деловната заедница треба да има повеќе информации за конкретните капитални инфраструктурни проекти и за изворите за нивно финансирање, за да ја коментира најавата на премиерот Зоран Заев дека ќе следува нов инвестициски циклус од пет милијарди евра. – Да се има капитални …

Арсовска: Не ни требаат дополнителни задолжувања Read More »

Заев: Позитивни трендови во размената со Грција по потпишувањето на Договорот


Потпишувањето на Договорот со Грција придонесе за зголемување на трговската размена меѓу двете земји и раст и на извозот, пишува премиерот на својот Фејсбук профил. – Како резултат на потпишувањето на Договорот со Грција, трговската размена во 2018 година се зголеми за 15,8 отсто, а извозот порасна за 5,8 отсто. Во периодот јануари-мај 2019 меѓусебната …

Заев: Позитивни трендови во размената со Грција по потпишувањето на Договорот Read More »

Димковски: До средината на септември треба да се исплатат сите обврски од интервентниот денар за лозарите и овоштарите


Основните субвенции на лозарите исплатени, а до средината на септември и лозарите и производителите на праски до средината на септември треба да ги добијат предвидените интервентни по еден денар за килограм грозје и праски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски при денешната посета на Подрачната единица на МЗШВ одговорајќи на новинарски прашања рече …

Димковски: До средината на септември треба да се исплатат сите обврски од интервентниот денар за лозарите и овоштарите Read More »

ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на половно возило


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го поздравува донесувањето на новиот Закон за возила со кој се предвидуваат субвенции за набавка на возила со повисоки еколошки стандарди, но не гледа потреба од субвенционирање на набавката на половни возила. -Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата …

ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на половно возило Read More »

Тиквешките лозари бараат 18 денари за ,,вранец” и денар помалку за ,,смедеревка”


Осумнаесет денари за „вранец” и еден денар помалку за „смедеревка”, бара новото регионално здружение „Тиквеш, лозаро-овоштари”, формирано во Кавадарци неколку дена пред гроздоберот. Како што појасни денеска претседателот на „Тиквеш, лозаро-овоштари”, Златан Стојчев, кој стопанисува со триесет хектари земја, новото здружение го поддржуваат земјоделци од пет општини од регионот. Тој рече дека одделни винарии најавувале …

Тиквешките лозари бараат 18 денари за ,,вранец” и денар помалку за ,,смедеревка” Read More »

„Пејпал“ доаѓа бргу и за примање пари?


Ќе се отстрани пречката во регулативата македонските граѓани и фирми да отвораат и да користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се „Пејпал“, „Скрил“ и другите, и во делот на примањето пари. Во моментов, во Македонија, „Пејпал“ и другите сервиси функционираат само за плаќање. Највисокото тело на Народна банка, Советот, на …

„Пејпал“ доаѓа бргу и за примање пари? Read More »

Трошоците на живот во јули пораснале 0,8 отсто


Трошоците на живот во јули бележат раст од 0,8 отсто во однос на јули лани, а цените на мало 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јули 2019 година, во однос на претходниот месец, има раст од 0,2 отсто, а индексот на цените на …

Трошоците на живот во јули пораснале 0,8 отсто Read More »

Народна банка: Банките отпорни на стрес


Финансиската стабилност во земјава се задржа во текот на минатата година, при истовремено продлабочување на нивото на нефинансиско посредување, а работењето на финансиските институции се одвиваше во релативно поволен домашен амбиент. Ова го покажува извештајот за финансиската стабилност во 2018 година објавен од Народната банка, во кој се посочува дека банкарскито систем како клучен сегмент …

Народна банка: Банките отпорни на стрес Read More »