Должиме повеќе од 160 милиони евра за даноци и придонеси


Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници која е зголемена за 716 нови кои не ги платиле даноците и придонесите.

На листата се 2.013 должници – правни лица и 2.509 физички лица.

Тие вкупно должат 160,3 милиони евра (9.855.487.876 денари). Од него за даноци и придонеси отпаѓаат 157,8 милиони евра (9.704.800.807денари), додека за неплатени царински давачки е 2,5 милиони евра  (150.687.069 денари).


На Листата традиционално се најдоа државни и јавни претпријатија, нови и стари загубари меѓу нив: Македонската радио телевизија, комунални претпријатија од неколку општини како и Општина Карпош, Трасмет, Повардарие, Те-То.