Арбитражата полека станува пракса, се решаваат и трговски спорови од 100.000 евра


Најголемиот број арбитражни постапки за трговските спорови поведени во изминатите пет години се однесувале на предмети од 10.000 до 50.000 евра, но со арбитража се решаваат и предмети вредни од 50.000 до 100.000 евра. Како што велат од Стопанската комора, арбитражната практика полека станува пракса. Компаниите се повеќе сфаќаат дека многу побрзо, но и поевтино […]

Индустриското производство во март со раст, за првите три месеци забележан пад


Индустриското производство во март годинава, во однос на истиот месец лани, бележи раст од 7,6 отсто, а за првите три месеци годинава во однос на првиот лански квартал, пад од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во март 2021 година во однос на […]

Дизелот поскап за половина денар по литар


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59 денари за […]

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април  2021 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или […]

Нацевска: Mерките на Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата


Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата. Меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето коишто достигнаа историски најниски нивоа. Во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во […]

Етереум ја надмина вредноста од 3.400 долари


Етереум, втората најголема криптовалута во светот, достигна нова рекордна вредност од 3.456,57 долари, зголемувајќи ја својата цена за околу 360 проценти од почетокот на оваа година, објави Си Ен Би Си повикувајќи се на најновите податоци на веб-страницата KoinDesk. Интересот за криптовалути забележа огромен пораст во текот на изминатата година, а најмногу се зајакна побарувачката […]

Јаху и АОЛ продадени за 5 милијарди долари


„Аполо глобал менаџмент“ се согласи да плати околу 5 милијарди долари за да ги преземе „Јаху“ и АОЛ од „Веризон комуникации“ додека компанијата за безжични мрежи излегува од својата лоша епизода во медиумскиот бизнис, јави „Волстрит жорнал“. Фирмата приватна сопственост ќе плати 4,25 милијарди долари во готово за 90 отсто удел во двата медиуми. „Веризон“ […]

Бектеши од утре во работна посета на Брисел


Министерот за економија Крешник Бектеши од утре до четврток ќе престојува во посета на Брисел. Во рамки на посетата, Бектеши ќе оствари работни средби со потпретседателот на Европската комисија, Владис Домбровскис, со комесарот за економија Паоло Џентилони, како и со Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и со амбасадорите на земјите членки на оваа […]

Малку се користат е-услугите, потребни се едукација и доверба


Невладината „Агтис“ ќе спроведува проект за едукација и пристапност до повеќе електронски услуги од институциите во земјава. Според Благица Цветкоска од невладината организација „Агтис“, иако цело време се зборува да се описмениме дигитално, да се користат е-услугите и банкарските картички за да се избегнат навалиците на шалтерите, сепак кај граѓаните сѐ уште е голема недовербата […]

Картичките ќе бидат минато: Доволно е само да се застане пред банкоматите


 Поради пандемијата на коронавирусот, банките забележаа значителен пад на побарувачката за готовина – во просек 20 проценти. Во Германија, некои поради тоа исклучија дел од банкоматите од употреба. Намалена е и побарувачката за потрошувачки кредити, како и незаконските пречекорувања на тековните сметки. Парите се трошат внимателно. Иако хартиените пари сè повеќе се заменуваат со картички […]

Од 1 јули без надоместок за роаминг во Западен Балкан


Надоместокот за роаминг во земјите од регионот целосно ќе исчезне од 1 јули, што ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC) Мајлинда Брегу. Брегу за Радио Слободна Европа изјави дека граѓаните со тоа ќе имаат повеќе пари […]

„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет ја врати профитабилноста, најави огромен откуп на акции


„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет се чини дека значително го подобри својот бизнис на почетокот на 2021 година, враќајќи се од длабочините на пандемијата и откупувајќи повеќе акции. Оперативната добивка се зголеми за 20 отсто во првиот квартал, а компанијата објави масовен откуп на акции во вредност од 6,6 милијарди долари. Од „Беркшир“ прецизираа дека […]

Бектеши: Новиот закон за трговија предвидува сто проценти поголема дневница за вработените ангажирани во недела


Министерот за економија, Крешник Бектеши во објава на својот фејсбук профил  напиша дека со новиот закон за трговија се предвидува 100 проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела.   – Сто проценти проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела, со новиот закон за трговија, стои во објавата на Бектеши. […]

ССМ: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година


Без групирања и со оддржување на физичка дистанца како што налагат протоколите против Ковид-19, денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), го одбележа Денот на трудот – 1 Мај. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, во својот говор пред членовите на сидникатот, изјави дека кризата само ја забрза потребата да се обезбедат приоритетите на работниците во […]

Во Хрватска во пензија ќе се оди подоцна?


Возрасната граница за задолжително пензионирање се укинува, па ќе може да се оди на работа по 65-та година од животот, пишува Јутарњи лист. Хрватското инистерство за труд, според предлогот на Националниот план за закрепнување и издржливост, планира да ја ревидира законската одредба за автоматско прекинување на работниот однос на возраст од 65 години и 15 […]

Работничките права се влошија во здравствената криза, најмногу поплаки за платите и отказите, велат синдикатите


Неисплатени или намалени плати, притисок врз работниците да потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос, злоупотреба на државната помош за исплата на плати и непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа, се дел од прекршувањата на работничките права со кои работниците годинава ќе го прослават Меѓународниот ден на трудот. Двата најголеми синдикати, Сојузот […]

Негативни камати: Банките во Хрватска ќе им наплаќаат на компаниите за чувањето евра на нивните сметки


Негативните каматни стапки на депонирани пари во банка пристигнаа во Хрватска, за сега банките ги нарекуваат такси за чување пари на сметки, ги наплатуваат или ќе започнат да ги наплатуваат исклучиво на правни лица и само на сметки и депозити во евра. Хрватската народна банка за Нови лист потврди дека оваа практика, која веќе некое […]

Еврозоната повторно во рецесија, БДП се намали за 0,6 проценти


Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 0,6 проценти во првите три месеци од оваа година, покажаа денешните податоци на Европскиот завод за статистика Евростат. Вториот последователен квартал на пад на БДП, после наглиот пад во четвртиот квартал од 2020 година, потврдува дека економијата на 19-те членки повторно е во рецесија. Два последователни квартали на негативен економски […]

Подготвителен период за аплицирање за финансиска поддршка преку мерката седум од ИПАРД 2


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоото и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од  ИПАРД  […]

Кина и Унгарија се договорија за воздушен „Пат на свилата“


Аеродромот во Будимпешта, кинеската аеродромска група Хенан (оператор на меѓународниот аеродром Женгжу) и кинеско-унгарската компанија за развој на бизнис и логистика ЦЕЦЗ / Утлинк потпишаа договор за соработка насочена кон воспоставување на Патот на свилата меѓу Унгарија и Кина и создавање на посебни логистички центри на двата аеродрома за управување со карго сообраќајот. Новопотпишаниот договор […]