„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет ја врати профитабилноста, најави огромен откуп на акции


„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет се чини дека значително го подобри својот бизнис на почетокот на 2021 година, враќајќи се од длабочините на пандемијата и откупувајќи повеќе акции.
Оперативната добивка се зголеми за 20 отсто во првиот квартал, а компанијата објави масовен откуп на акции во вредност од 6,6 милијарди долари.

Од „Беркшир“ прецизираа дека многу од компаниите во кои имаат акции остварија „значително поголема“ заработка и приход, но некои како единицата за делови за авиони „Precision Castparts“ сè уште се борат.

„Резултатите беа навистина добри“, изјави Џим Санахан, аналитичар во „Едвард Џонс и Ко“, кој даде препорака „да се купат“ акциите на Беркшир.

„Спроведувањето на вакцинацијата и поширокото економско закрепнување се видливи низ франшизата на ‘Беркшир’“, изјјави тој.

Откупот на акции од 6,6 милијарди долари во минатиот квартал му овозможува на Бафет да располага со вишок капитал, бидејќи високите проценки и растот на компаниите со специјална намена го отежнуваат преземањето на цели компании.

Дополнителни откупувања најверојатно се случија помеѓу 31 март и 22 април, бидејќи бројот на акции на „Беркшир“ падна и може да надмине 1,2 милијарди долари. Беркшир откупи 24,7 милијарди долари од сопствените акции во 2020 година.

Кварталниот оперативен профит се искачи на 7,02 милијарди долари или околу 4.600 американски долари по акција од Класа А, од 5,87 милијарди долари една година порано.

Беше остварен нето-приход од 11,71 милијарди американски долари или 7.638 долари по акција од Класа А, во споредба со нето загубата една година порано од 49,75 милијарди и 30.653 долари по акција, соодветно.

Резултатите од минатата година рефлектираа загуби од 55,62 милијарди долари од инвестиции и деривати, бидејќи берзите низ целиот свет потонаа на почетокот на 2020 година.