Кина и Унгарија се договорија за воздушен „Пат на свилата“


Аеродромот во Будимпешта, кинеската аеродромска група Хенан (оператор на меѓународниот аеродром Женгжу) и кинеско-унгарската компанија за развој на бизнис и логистика ЦЕЦЗ / Утлинк потпишаа договор за соработка насочена кон воспоставување на Патот на свилата меѓу Унгарија и Кина и создавање на посебни логистички центри на двата аеродрома за управување со карго сообраќајот.

Новопотпишаниот договор за соработка се очекува да донесе важни економски можности и да поттикне значително проширување на воздушниот сообраќај помеѓу Унгарија и Кина, поврзувајќи го аеродромот Будимпешта и аеродромот Женгжу, истовремено обезбедувајќи значителни логистички придобивки за Унгарија, земјите на ЕЦЕ и Кина, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Според договорот, партнерите – двата аеродроми и компанијата за развој на логистика ЦЕЦЗ / Утлинк Средноевропската зона за трговска и логистичка соработка – заеднички го воспоставуваат она што во соопштението се нарекува „воздушен Пат на свилата“ меѓу двете земји.

Државниот министер за транспорт на Унгарија, Ласло Мосоци, изјави дека Унгарија би можела да стане центар на товар, логистика и дистрибуција за Централна Европа.

„Оваа стратешка цел може да се постигне доколку поголем дел од стоката транспортирана меѓу Европа и Далечниот Исток стигне до својата дестинација преку Унгарија. Во согласност со отворањето на политиката кон исток, ние продолжуваме да работиме за поврзување на континентите и регионите со современи и безбедни логистички решенија. Исто така, бараме начини за продлабочување и проширување на соработката со нашите кинески партнери, во согласност со нашите заеднички цели“, изјави тој.

Проектот веќе беше поставен како цел за време на состанокот на Кина и земјите од Источна и Централна Европа што се одржа во Пекинг во февруари 2021 година, предводен од кинескиот претседател Си Џинпинг.

Како дел од соработката, во октомври минатата година беше воспоставен директен товарен лет Женгжу – Будимпешта – Женгжу, организиран од групата ЦЕЦЗ / Утлинк, со кој работеше Хаинан ерлајнс три пати неделно. Кон крајот на март 2021 година, воздушната врска беше проширена со уште два лета неделно, а тоа го вршат авиони „Боинг 747“.

На аеродромите во Будимпешта и Женгжу веќе се поставени специјални складишта за ракување со товар. Ексклузивниот прекуокеански терминал Будимпешта на аеродромот Хенан беше предаден во февруари 2021 година, а наменската хала за складирање наречена Zhengzhou Exclusive Overseas Terminal беше предадена денес во Карго Сити на аеродромот во Будимпешта.