Над 70 илјади лица имаат сопственост во фирми, помеѓу нив и 4.300 странци од 88 држави


Во регистарот на вистински сопственици се запишани приближно 70.150 различни физички лица. Од нив, 93,5 проценти се македонски државјани, 0,5 проценти се странци со регулиран престој, а останатите 6 проценти, односно околу 4.300 лица се странци, информираше денеска директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски. На денешната прес-конференција на која беше […]

Битиќи: Ако е потребно во мај или јуни ќе следи седми пакет економски мерки


Треба да работиме на креирање на модели кои долгорочно ќе и помогнат на текстилната и кожарската индустрија да се подобри нивната состојба, а тоа може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период заедно […]

Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестираат преку 40 милиони евра


Повеќе од 40 милиони евра ќе се инвестираат во ХС „Злетовица“ – проект со кој ќе се обезбеди вода за пиење за околу 100.000 жители од неколку општини во источниот регион, но ќе се реши и долгогодшиниот проблем со наводнувањето на 3.500 хектари земјоделско земјиште во општина Пробиштип. Како што истакнаа денеска вицепремиерот за економски […]

Николовски: Во законскиот рок 90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик


Во рамки на законскиот рок, во кој постоечките правни лица имаа обврска во Регистарот на вистински сопственици да го пријават својот вистински сопственик, својата обврска навремено ја завршиле  69.284 субјекти, односно близу 90 проценти од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави. Ова денеска на прес-конференција го соопшти вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. […]

ЕУ поддршка за ЦЕФТА во создавањето Заеднички регионален пазар


Секретаријатот на ЦЕФТА беше домаќин на состанок со амбасадорите на страните на ЦЕФТА во Европската унија Денеска во Брисел, Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, се сретна со македонскиот министер за економија Крешник Бектеши, во својство на претставник на страната претседавач на ЦЕФТА за 2021 година. На средбата се разговараше за приоритетите на Претседателството […]

Битиќи за Недела неработен ден – Трговските објекти ќе може да работат во една смена


Трговските објекти ќе може да работат во неделите во една смена и ќе уплаќаат 2 отсто од приходите во недела кои ќе се наменат за изградба на градинки, а работниците ќе добиваат 100 отсто повисока дневница   Со законското решение за „недела – неработен ден“ кое е поставено на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), […]

Буџетскиот дефицит на Србија изнесува 23,5 милијарди динари во првиот квартал


Дефицитот на буџетот на Србија изнесува 23,5 милијарди динари во првиот квартал од оваа година, соопшти денеска Министерството за финансии. Приходите изнесуваат 317,7 милијарди динари, а расходите 341,2 милијарди динари. Само во март 2021 година беше реализиран дефицит од 31 милијарда динари. Во истиот месец беа собрани приходи во износ од 103,5 милијарди динари, од […]

„Фајзер“ од вакцината ќе заработи 26 милијарди долари


Овие приходи се пресметани само според потпишаните договори до средината на април, а допрва ќе следат други. „АстраЗенека“ соопшти дека изгубила пари со вакцината затоа што ја прави врз непрофитна основа – 4,30 до 10 долари за две дози   Американскиот производител на лекови „Фајзер“ ги сруши своите прогнози за продажба и сега очекува да […]

Откажани утрешните летови Атина – Скопје и обратно, поради штрајк на контролорите на летање


Поради најавениот четиричасовен прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање и нивното учество во генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработени во јавниот сектор во Грција, откажани се утрешните летови од Атина кон Скопје и обратно, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ соопштуваат дека се откажани летовите […]

Здружението „Правда за штедачи” се сврте против претседателот на Уставен суд, правел „процедурални” трикови


Здружението „Правда за штедачи” денеска повторно одржа собир пред Уставниот суд побара овој суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки до Собранието или Владата на одговор, како и да соопшти информација кога ќе биде закажана седница за конечно, мериторно решавање по однос на […]

Нордвинд отвора редовна аволинија Скопје-Москва


Руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс  од 21 месецов ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу Скопје и Москва, најави денеска ТАВ Македонија. Во рамки на летниот распоред на летање, потенцираат, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова […]

Приход од 44 милијарди евра и без даноци: Амазон повторно на удар на критичарите


Даночните маневри на големите корпорации повторно се во фокусот откако Амазон објави рекордни 44 милијарди евра приходи во Европа во 2020 година, но не платил ниту цент во Луксембург, каде се наоѓа неговото европско седиште. Во објавата на Amazon EU Sarl. посочува дека компанијата имала загуби од 1,2 милијарди евра на Стариот континент. Освен тоа, […]

Словенците во банките чуваат 23 милијарди евра, за време на пандемијата заштедите поголеми за 2 милијарди евра


Средствата на словенечките домаќинства на депозитни сметки во банките се зголемија за над две милијарди евра на рекордни 23 милијарди евра во пандемиската 2020 година во споредба со претходната година, објави Банката на Словенија. Овој раст се припишува на мерките на пазарот на трудот преземени за време на пандемијата, кои овозможија зголемување на платите, но […]

Изјавата на Џенет Јелен го собори Вол Стрит, Насдак потона два проценти


Американскиот пазар на капитал вчера беше обележан со негативен сентимент за што првенствено може да се посочи кон Џенет Јелен. Американската министерка за финансии Џенет Јелен призна дека можеби ќе биде потребно извесно зголемување на каматните стапки на централната банка за да се контролира експлозивниот раст на американската економија, што делумно е предизвикано од трошењето […]

Негативните камати ги носат Германците да инвестираат на берзите


Седумдесет годишниот Михаел Шахт е типичен германски штедач. Тој е човек кој не сака да презема големи ризици, сопственик на продавница за облека кој во банка има 300 илјади долари во мал град близу Хамбург. Претходно оваа година, банката му соопшти дека веќе ќе треба да плаќа 0,5 отсто негативна камата за депозитот, наместо да […]

Онлајн дебата #ВозможноЕ на тема „Предизвиците и добрите практики за справување со климатските ризици“


Онлајн дебата #ВозможноЕ ќе се одржи денеска во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски промени. Тема на дискусијата е предизвиците и добрите практики за справување со климатски екстреми и ризици. Целта е преку дискусија на претставници на различни општествени чинители да се […]

„Фајзер“ очекува побарувачката за вакцини да трае со години


Побарувачката за вакцините против Ковид-19 на „Фајзер“ може да трае со години и да ги зголемува нивните приходи, велат од компанијата, пренесе Би-би-си. Очекуваат, како што велат, трајна побарувачка за вакцини – на сличен начин како што е побарувачката за вакцината против грип. Во првите три месеци на 2021 година вакцината им донесе приходи од […]

Драги: Туризмот во Италија ќе започне во средината на мај


Италијанскиот премиер Марио Драги денеска рече дека очекува туризмот во Италија да продолжи кон средината на мај, кога земјата се отвора за меѓурегионални патувања. Говорејќи на крајот од состанокот на министрите за туризам од групата 20 најбогати нации, Драги рече дека системот за здравствени пасоши на Европската унија ќе биде подготвен и во оптек до […]

Средба Бектеши – Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се вратат растот и вработеноста по Ковид-19


Трговијата во целост треба да се движи во чекор со развојот на настаните во глобалната економија, а неопходна е и реформа кон отворена трговија за да се врати растот и вработеноста во пост Ковид-19 периодот, порачаа министерот за економија Крешник Бектеши и извршниот потпретседател на Европската комисија и еврокомесар за трговија, Владис Домбровскис по денешната […]

Во индустријата во првиот квартал имало 3,5 отсто помалку вработени од лани


За три отсто е намален бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани, а во првите три месеци од 2021 година е помал за 3,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење […]