Зголемена потрошувачката на природен гас, најголем потрошувач ТЕ-ТО


За 12,5 проценти е зголемена потрошувачката на природен гас во 2020 година. Потрошени се 338 милиони нормални метри кубни гас што е првпат откако се користи овој еколошки енергенс во земјава. Анализите на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека и понатаму доминантен потрошувач на природен гас е гасната електрана ТЕ-ТО со 68 проценти од вкупната […]

Ќе се зголемува бројот на граѓани што ќе користат субвенции за струја


Регулаторната енергетска комисија поднесе иницијатива со која се бара зголемување на обемот на ранливи категории на потрошувачи кои користат субвенции од државата при плаќање на електрична енергија, изјави денеска директорот на РКЕ Марко Бислимовски. Потенцира дека при првичните анализи наишле на проблем, а тоа е дека голем број ранливи категории на потрошувачи кои моментално користат […]

СКСЗМ: И бизнисите да се вклучат во приоритетните категории за вакцинирање


Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека управувањето со КОВИД-кризата во земјава се одвива многу бавно во споредба со другите земји од регионот, како во смисла на обезбедување вакцини и имунизација, така и од аспект на стимулирање на бизнисите. Според СКСЗМ, вчера донесената одлука за продолжување на полицискиот час и затворање на некои деловни […]

Амбасадорот Коп: Холандија продолжува со поддршка на земјата и на Народна банка за соработка со меѓународните институции


Како претставник на Северна Македонија во конституенците на MМФ, Светската банка и ЕБОР, Холандија и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно […]

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра


Халкбанк АШ Турција, како главен акционер на Халкбанк АД Скопје, на 26 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со одобрена докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра. Основна цел на оваа докапитализација е зајакнување на банкарскиот капитал во земјата и поддршка на реалниот сектор во земјава, […]

Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас


Под 100 евра се очекува да чини приклучувањето на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас. Од јавниот-приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа ќе биде побарано да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат инсталацијата на рати на повеќе години. Изборот на јавен-приватен партнер следува во […]

Франција го зголемува учеството во капиталот на „Ер Франс“ на околу 30 отсто


Државата ќе може да го зголеми своето учество „на нешто помалку од 30 отсто“ од капиталот на „Ер Франс“, посочи министерот Бруно Ле Мер, откако планот за спасување на компанијата од страна на државата е потврден од Брисел и тој може да достигне четири милијарди евра, јави дописникот на МИА. Европската комисија денеска го одобри […]

Трајан Ангеловски нов претседател на Индустриската комора на Македонија


Трајан Ангеловски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“ е новиот претседател на Индустриска комора при Сојузот на стопански комори. Ангеловски е долгогодишен член на Управниот одбор на Комората, а успешно раководи со „Ариљеметал“ повеќе од 10 години. На седницата на Собрание на Индустриската комора на која […]

Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата


Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето одржливи и инклузивни системи отпорни на […]

Стечајот на Еуростандард банка „изгоре“ 2.000 фирми, велат од Здружението на оштетни штадечи на ЕСБ


Македонија е единствена земја во Европа и пошироко во која фирми депоненти во банка не се заштитени и не се обештетуваат во случај на пропаѓање на истата. А такви „изгорени“ фирми има околу 2.000 во Еуростандард банка, велат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банки, во пресрет на утрешната седница на Уставниот суд на […]

Заев очекува неделава да се донесат законите од петтиот сет економски мерки


Премиерот Зоран Заев очекува оваа недела во Собранието да бидат донесени законите од петтиот пакет економски мерки. Тој денеска уште еднаш повтори дека ќе се најде решение за законот за државјанство и апелира секој да ја исполни сопствената одговорност. -Очекувам оваа недела ако може да се заврши. Повторно ја испраќам пораката сите да го завршиме […]

Туристичко-угостителската комора бара итна финансиска помош


Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор. – Со оглед […]

„Сити плаза“ официјално сопственик на „Рамстор Македонија”: Одлучивме да инвестираме во иднината


„Не можеме да се затвориме и да чекаме подобри времиња, нив треба сами да ги создаваме“, порача денес Ајдован Адемоски, чија компанија „Сити плаза“ од денес и официјално е сопственик на „Рамстор Македонија”, во чиј развој во наредните пет години ќе инвестира над 105 милиони евра. „Во ера на пандемија, која го зафати целиот свет, […]

Азески му додели признание на претседателот на регионалната комора во Ниш за акцијата за вакцинирање


Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум, и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора, денес во Ниш му врачија специјално признание на Александар Миличевиќ, претседател на Регионалната комора во Ниш во рамки на Стопанската комора на Србија, за одличната соработка, организација и посветеност за […]

Бензините поскапуваат за денар, цената на дизелот иста


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,8 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за […]

Блокирањето на петтиот пакет економски мерки го кочи и бришењето на каматите за долговите кон јавни институции


​Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Студио 10 на ТВ 24, зборуваше  за  новото  законско решение, недела-неработен ден, на кое му претходеше неколку месечна анализа и за кое што решение беа вклучени сите засегнати страни.   „Недела е ден на неделен одмор за сите работници освен за оние дејности каде што […]

Купувањето од домашни е-трговци зголемено за 135 отсто во време на пандемија, реализиран промет од 178 милиони евра


Значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции е забележан во земјава од почетокот на панемијата, при што најзабележителен е кај трансакциите реализирани со платежни картички кон домашни е-трговци. Од Асоцијацијата за електронска трговија информираат дека согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната банка, вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашни […]

Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година


Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај 2021 година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), www.ipardpa.gov.mk во делот е- барање. Како што соопшти денеска директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, барањата […]

Предложените измени на Законот за игри на среќа ќе затворат цела една стопанска гранка, реагираат од АСОМ


Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) и изразува жалење, што и покрај многуте обиди од нивна страна за конструктивно делување во унапредување на регулативата, повторно се предлагаат измени кои водат кон затворање […]

Објавен првиот повик за компаниите во рамки на програмата „Хоризонт Европа” 2021-2027


 Европската комисија почна со објавување повици за проекти во рамки на Програмата за истражување и развој „Хоризонт Европа“ 2021-2027 година. Како што соопшти Стопанската комора, Програмата официјално почнува утре, но првиот повик е објавен минатата недела во рамки на Европскиот иновациски совет (ЕИС), а крајниот рок за аплицирање е 17 мај 2021 година. Повикот е […]