Бектеши од утре во работна посета на Брисел


Министерот за економија Крешник Бектеши од утре до четврток ќе престојува во посета на Брисел.

Во рамки на посетата, Бектеши ќе оствари работни средби со потпретседателот на Европската комисија, Владис Домбровскис, со комесарот за економија Паоло Џентилони, како и со Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и со амбасадорите на земјите членки на оваа Асоцијација.

Во текот на посетата, како што соопшти Министерството за економија, ќе се дискутира за реформите во областа на трговијата, проширување на Зелените коридори и Зелените ленти на премините со ЕУ, Економски и инвестициски план за Западен Балкан, како и за претседателството на Северна Македонија со ЦЕФТА оваа година.