Јаху и АОЛ продадени за 5 милијарди долари


„Аполо глобал менаџмент“ се согласи да плати околу 5 милијарди долари за да ги преземе „Јаху“ и АОЛ од „Веризон комуникации“ додека компанијата за безжични мрежи излегува од својата лоша епизода во медиумскиот бизнис, јави „Волстрит жорнал“.

Фирмата приватна сопственост ќе плати 4,25 милијарди долари во готово за 90 отсто удел во двата медиуми. „Веризон“ ќе задржи 10 отсто од акциите и 750 милиони долари во дополнителни приоритетни акции во новата компанија, наречена Yahoo, што ќе се формира за управување со бизнисот.

тратегијата на „Аполо“ за бизнисот се врти околу добивањето повеќе приходи од секој од неговите 900 милиони активни месечни корисници.
Со продажбатра, „Веризон комуникации“ се ослободи од своите медиумски компании кои ги вклучуваат (некогаш) култните брендови Јаху и АОЛ, со што заврши скапото и неуспешно патување во светот на медиумите и рекламирањето.

И покрај тоа што потроши повеќе од една деценија и милијарди долари за градење стабилни интернет брендови, телекомуникациската компанија со седиште во Њујорк се бори да напредува во високо конкурентен простор за рекламирање преку Интернет во кој доминираат Фејсбук и Гугл.

По отпишувањето на 4,6 милијарди долари во 2018 година, Веризон ќе добие само 4,25 милијарди долари во готовина од приватниот „Аполо глобал“ (кој е купувач), заедно со повластените каматни стапки од 750 милиони УСД и 10 отсто удел во единицата – околу половина од она што го имаше платено за компаниите.

Овој потег ја заклучува серијатта трансакции во кои „Веризон“ ја продаде платформата за блогирање Tumblr во 2019 година за необјавен износ и веб-страницата за вести HuffPost на BuzzFeed минатата година.

Единицата, порано наречена Oath, а неодамна преименувана во „Веризон медиа“, ќе се вика „Јаху“ по реализирање на зделката во втората половина на 2021 година и ќе ја води Гуру Гоурапан.

За „Аполо“, зделката доаѓа во време кога големите интернет-платформи „окупираа“ огромни делови од пазарот за дигитално рекламирање, иницирајќи регулаторен надзор над нивните практики.