Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто


 Вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10.3 %, а кај домашните намалување од 2.2 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а […]

„Како да ги нема“: Кинеските фабрики работат со полна пареа и покрај царините на Трамп


Една година откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп ги вознемирија извозниците и купувачите, кинеските фабрики и пристаништа повторно се преполни со активност пред Лунарната Нова Година, што ги зголеми цените на превозот. Фабриките и пристаништата се попрометни од кога било пред празничната треска, а големите кинески пристаништа забележаа пораст на контејнерскиот сообраќај. За пратки […]

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра


 Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД. Полицијата и царината задржала голем број пратки […]

„Хајнекен“ укинува работни места поради намалената побарувачка за пиво


Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) денеска најави дека ќе укине 6.000 работни места ширум светот и ја намали прогнозата за раст на профитот за годинава. Според новата стратегија на „Хајнекен“ до 2030 година, компанијата се обидува да оствари поголем раст со помалку ресурси. Вкупно вработени во „Хајнекен“ се 85.000 луѓе. Компанијата исто така предвидува […]

Македонски камионџија надминал три дена во Шенген зоната, казнет е со 150 евра и мора да ја напушти Германија


Македонски камионџија заработил казна од 150 евра и морал доброволно да ја напушти Германија со авион за да избегне дополнителни мерки, поради тоа што три дена го пречекорил престојот во Шенген зоната, известија преку Фејсбук од Асоцијацијата на транспортерите „Макам транс“. Од таму ги советуваат превозниците да внимаваат и да ги проверуваат деновите за престој […]

Фон Дер Лајен инсистира на обединет европски пазар на капитал


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се сите 27 членки на блокот согласни со тоа. – Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со […]

„МЖ – Инфраструктура“ и „Турски државни железници“ потпишаа договор за соработка


„МЖ – Инфраструктура“ и „Турски државни железници“ потпишаа договор за соработка, објави на својот фејбук-профил Синиша Ивановски, директорот на „МЖ – Инфраструктура“.   – Потпишавме договор за блиска соработка со „Турски државни железници“. Заедно со колегите од „Македонски железници – Инфраструктура“ имавме работни средби со директорот на „Турските железници“, Вејси Курт, и неговите соработници. „Турските […]

Синдикатот утре ќе ја блокира Стопанската комора


Протестите и блокадите пред институциите во државата утре ќе продолжат пред Стопанската комора на Македонија во центарот на Скопје. Како што беше најавено денеска на прес конференција во Сојузот на синдикати на Македонија, протестот ќе почне на пладне, во 12 часот пред крстосницата кај Стопанската комора. „Повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот, колку што […]

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра


Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).

„Гугл“ издаде обврзница што планира да ја отплати за 100 години


Технолошкиот гигант „Алфабет“, сопственикот на „Гугл“, издаде исклучително редок сертификат за долг (обврзница) што планира да го врати за 100 години. Тоа е дел од план во кој компанијата има намера да позајми милијарди евра за да плати за развој на вештачка интелигенција. Одлуката е донесена затоа што „Гугл“ се подготвува да потроши двојно повеќе […]

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто


 Алатки за генерирана вештачка интелеганција (ВИ) во Северна Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година. Во ЕУ, вештачката интелеганција најмногу ја користат младите во Грција (83,5%), во Естонија (82,8%) и во Чешка (78,5%). Најнизок […]

Владината просечна кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, нема цигари, алкохол и кирии


Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но се уште, повеќе од шест месеци, се чека одговорот од синдикатите и работодавачите – да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии кои можеби би требало да се вградат во неа. Како што рече вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, просечната кошничка […]

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур


Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање, соопштуваат од Министерството за транспорт.  Овој чин, како што соопштуваат оттаму, означува суштинско унапредување на билатералните односи […]

Одржана стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање


Во Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање, чија цел е да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот. Измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност […]

Турската компанија Cavo Otomotiv ќе инвестира во ТИРЗ Тетово, ќе се отворат над 400 нови работни места


Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово. На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за […]

„Макпетрол“ инвестира во знаење и иднина – Отворен Бизнис центар за систематска едукација и развој на вработените


  „Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни […]

Домашната градежна оператива лани со 58,7 отсто намалена работа во странство


Во периодот јануари – декември 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 128 милиони денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство лани изнесува 156.365 илјади денари, што е за 58,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 4 отсто


Народната банка ја задрѓа основната каматна стапка на 4 отсто што, како што се оценува, е во  согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување. Ваква одлука беше донесена денеска на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци […]

Новосклучените договори за лизинг во Србија лани надминаа милијарда евра, половината се за автомобили


Пазарот на лизинг во Србија ја заврши 2025 година со историски висок резултат – вкупната вредност на новосклучените договори достигна 1.023,7 милиони евра, што го надмина ограничувањето од милијарда евра вторпат по ред. Здружението на лизинг компании на Србија (ALCS) наведува дека лизинг индустријата продолжува да расте постојано и е еден од клучните извори на […]

„Една љубов, безброј подароци“ – четиридневен „Сити базар“ во Скопје Сити мол


Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува […]