„Пошта“ доби 100 возила, може сега пратките и ќе ги доставуваат навремено


Фото: Б. Грданоски

Поради немање соодветни возила „Македонска пошта“ не можела да ја врши својата дејност, а со набавката на 100 нови возила, одсега ќе може да се очекува навремена достава на пратките.

„За потребите на „Пошта“ добивме 100 возила, 90 автомобили пикап и 10 комбиња. Недостогот на транспортните возила беше еден проблем што ни создаваше предизвици во извршување на задачите. Со оваа поддршка денес значително ја подобруваме поштенската инфраструктура, олеснувајќи го извршувањето на поштенските услуги, побрзо и поефикасно“, рече директорот на „Пошта“, Охран Куртеши.

Тој појасни дека „Мекедонска пошта“ во 2024 година загубата била поголема. „Се обидувавме да намалиме трошоци, да зголемиме приходи и во тој дел добро одиме. Имавме нови вработувања во 2025 година, а сега во 2026 година чекаме нови вработувања, кадешто знаеме дека просечната старост на вработените е 55-56 години“, додаде Куртеши.

Директорот појасни дека во „Пошта“ дури 37 отсто од вработените биле во администрација, а имало и фиктивни вработувања, но дел од нив се избркани од работа, а другите почнале да доаѓаат на работа.

– Кога ја земавме задачата како директор со Управниот одбор, видовме дека има 37 отсто администрација. Но, сега го намаливме тој број со Управниот одбор, со одлука, кадешто и препораките на Ју-пи-ју се да го намалиме на 9 на 12 отсто администацијата и да ги скратиме подружниците од 15 на 9. Тоа го правиме – додаде Куртеши.

Во магацинот на „Пошта“ имало 600.000 неподелени пратки, а за една недела тие биле поделение и нема ниту една пратка што стои во магацин. Превозот бил еден од проблемите, но со овие нови возила тој проблем е надминат.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски рече дека возилата чинат 104 милиони денари, при што на јавната аукција, успеале да ја намалат цената за 400.000 евра. Тој, како што најави еднаш порано, сега вели дека секое писмо ќе може да стигне и до најоддалеченото село.

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека просечната старост на возилата во „Пошта“ била 15 години, а со оваа набавка „пошта“ ќе може да ги достави пратките до секое населено место, до секој граѓанин, до секоја компанија. Овие возила ќе ги намалат трошоците на претпријатието за поправка, одржувањ и сервис.

Се работи на план да се подобри ефикасноста и да биде профитабилно претпријатие, односно очекува подобрување за околу 15 отсто.

Најавија и дигитализација на „Пошта“ и набавка на сортирка, најмодерна на Балканот.

Возилата се донација од Владата и Министерството за транспорт и врски. (Б.Б.)