Мaлa пoсетенoст нa прoтестoт вo Атинa зa „oдбрaнa нa иметo Мaкедoнијa“


Мaл брoј грaѓaни oдгoвoријa пoзитивнo нa пoвикoт нa Кoмитетoт зa бoрбa зa грчкиoт кaрaктер нa Мaкедoнијa, дa излезaт пред грчкиoт Пaрлaмент дoдекa трaе рaспрaвaтa зa дoгoвoрoт сo Мaкедoнијa, јaви дoписничкaтa нa МИА oд Атинa. Oние кoи се сoбраа нa плoштaдoт Синтaгмa сo грчки знaмињa и пaнoа сo слoгaни „Мaкедoнијa е грчкa” и „Не нa рaспрoдaжбa нa …

Мaлa пoсетенoст нa прoтестoт вo Атинa зa „oдбрaнa нa иметo Мaкедoнијa“ Read More »

Златна Зора го исклучи од нејзините редови пратеникот кој повика на воен пуч


Националистичка грчка партија Златна Зора пред малку го исклучи од нејзините редови пратеникот Константинос Барбарусис, кој  за време на денешната расправа во грчкиот парламент, повика да интервенира војската за да се спречи “предавството со името” и да ги уапси грчкиот премиерот, министерот за одбрана и претседателот на државата.

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни


Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен. – Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да …

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни Read More »

Драма во грчкиот парламент: Златна зора повика на воен пуч


Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел …

Драма во грчкиот парламент: Златна зора повика на воен пуч Read More »

Партијата на Каменос нема да го поддржи Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас


Помалиот коалициски партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци на Панос Каменос, најави дека нема да го поддржи ниту Договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот Договор. Партијата Независни Грци на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, останува на досегашниот став …

Партијата на Каменос нема да го поддржи Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас Read More »

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во …

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто Read More »

„Македонац Вардар“ ќе ја чува традицијата


Здружението „Македонас Вардар“ од Брчко, БиХ ќе има настап во сабота невечер во Домот на културата во Брчко во склоп на владината манифестација „Пролет во градот“, пишуваат локалните медиуми. Тодорка Гајдова Јовановиќ, претседателка на здружението, рече дека ќе бидат изведени традиционални македонски песни, ора и игри, презентирани и изведени рецитации на познати македонски писатели. Во …

„Македонац Вардар“ ќе ја чува традицијата Read More »

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на грчката влада


Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022. Лидерот на Нова демократија рече дека тоа е негова обврска кон грчкиот народ и го предизвика …

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на грчката влада Read More »

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ


Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела. Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија. – Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација, изјави Одаловиќ за Новости. Најмногу дела недостигаат во Рим. …

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ Read More »

Во Србија исчезна новинар кој работел на истражување на убиството на Оливер Ивановиќ


Српската полиција распиша потерница по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило. – Во полициската станица во Бела Црква ноќеска е пријавено за паркирано возило марка Поло, на кое била отворена вратата и вклучени светлата, соопшти МВР на Србија. За случајот е известено Обвинителството и полицијата по него интензивно трага, јавуваат српски медиуми. …

Во Србија исчезна новинар кој работел на истражување на убиството на Оливер Ивановиќ Read More »

Шефот на косовската дипломатија пријавил над 600 милиони евра имот


Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли и натаму е најбогатиот политичар во Косово, со пријавен имот и парични средства во вредност од над 600 милиони евра. Пацоли во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија на Косово, пријавил дека поседува недвижен имот во вредност од стотици милиони долари и евра, од кој најголемиот …

Шефот на косовската дипломатија пријавил над 600 милиони евра имот Read More »

Коѕијас: Нема да одам на одмор додека не ги решам споровите со Албанија


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска најави нова офанзива околу нерешените прашања со Албанија, нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања. – Набрзо ќе ги решиме проблемите со Албанија. Се наоѓаме во процес на решавање на проблемите кои постојат 70 години. Нема да одам на одмор без да ги …

Коѕијас: Нема да одам на одмор додека не ги решам споровите со Албанија Read More »

Хоти: Владата на Харадинај ја ограбува државата, мора да се смени


Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, смета дека косовската владејачка коалиција е нефункционална и опстојува единствено поради тоа што интересите на партнерите се многу големи и во основа претставуваат грабеж на државата. – Овие интереси се остваруваат преку државниот буџет, кој се претвори во грабеж по пат на незаконски …

Хоти: Владата на Харадинај ја ограбува државата, мора да се смени Read More »

(Фото) (Видео) Морничаво невреме во Ужице


Дождот и градот што пред малку падна во Ужице предизвикаа морничави сцени по улиците. Автомобилите до половина се заглавени во вода. Вода тече и од сите страни по улиците. Погледнете:

Судија на ЕУЛЕКС нападнат со шок-бомба во Приштина


Судија на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС бил нападнат синоќа во Приштина, околу 23 часот, со шок бомба, која кон него ја фрлил непознат сторител. Инцидентот се случил во населбата Арбериа. Шок бомбата била фрлена додека поминувал по улица и дека тој не бил повреден. Направата експлодирала, но не била …

Судија на ЕУЛЕКС нападнат со шок-бомба во Приштина Read More »

Баша: Посакувам на Северна Македонија да и се отвори патот кон НАТО


Постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, го поздрави лидерот на најголемата албанска опозициска партија Љуљзим Баша, оценувајќи го како повеќе од значаен. – Постигнатиот договор меѓу двата соседа е повеќе од значаен и посакувам на Северна Македонија да и се отвори патот кон интеграцијата во НАТО, напиша претседателот на Демократската партија …

Баша: Посакувам на Северна Македонија да и се отвори патот кон НАТО Read More »

Свилановиќ: ЕУ и НАТО треба да бидат решителни како што беа Заев и Ципрас


Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. – Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на …

Свилановиќ: ЕУ и НАТО треба да бидат решителни како што беа Заев и Ципрас Read More »

Харадинај пријавил дека поседува имот вреден милион евра


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Антикорупциската агенција пријавил недвижен имот во вредност од околу еден милион евра, како и пари во готово и годишни приходи во висина од околу 90.000 евра. Според пријавата за имотната состојба на Харадинај, тој на свое име поседува станбен објект во вредност од 300.000 евра, земја во вредност од 27.000 …

Харадинај пријавил дека поседува имот вреден милион евра Read More »

Харадинај: Безбедносните сили на Косово подготовени да станат војска


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај  денеска, на денот кога се одбележува 19-та годишнината од влегувањето на трупите на НАТО во Косово, се сретнасо заменикот помошник на генералниот секретар на Алијансата, Џон Манза, кого го информирал за безбедносната состојба во земјата. Како што објави на Фејсбук, Харадинај го информирал високиот гостин за прогресот што го бележат Безбедносните …

Харадинај: Безбедносните сили на Косово подготовени да станат војска Read More »

Во Албанија паѓаат обвинители, кај нас се кочат судските процеси


Исти реформи, различни резултати, судиите, јавните обвинители и вработените во полицијата мораат јавно да докажат од каде им е богатството што го пријавуваат. Бавната трансформација на судството во Македонија и оставањето простор и натаму да има обвинувања за селективна и политички инспирирана правда, ја прави актуелна судската реформа во Албанија и дилемата дали таа на …

Во Албанија паѓаат обвинители, кај нас се кочат судските процеси Read More »