„Македонац Вардар“ ќе ја чува традицијата


Здружението „Македонас Вардар“ од Брчко, БиХ ќе има настап во сабота невечер во Домот на културата во Брчко во склоп на владината манифестација „Пролет во градот“, пишуваат локалните медиуми.

Тодорка Гајдова Јовановиќ, претседателка на здружението, рече дека ќе бидат изведени традиционални македонски песни, ора и игри, презентирани и изведени рецитации на познати македонски писатели. Во Домот на културта ќе настапат и 30 членови на КУД „Бојмија“ од Гевгелија, кое брои 120 членови. Влезот ќе биде слободен, а настапот започнува во 19.30 часот.