Харадинај: Безбедносните сили на Косово подготовени да станат војска


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај  денеска, на денот кога се одбележува 19-та годишнината од влегувањето на трупите на НАТО во Косово, се сретнасо заменикот помошник на генералниот секретар на Алијансата, Џон Манза, кого го информирал за безбедносната состојба во земјата.

Како што објави на Фејсбук, Харадинај го информирал високиот гостин за прогресот што го бележат Безбедносните сили на Косово (ФСК) и за нивната готовност да ја преземат одговорноста како војска.

– Нашата земја се ослободи и го започна новиот живот во мир благодарение на НАТО и на нашите стратешки сојузници. Заменикот помошник на генералниот секретар на НАТО, Џон Манза, го информриав за постигнатиот прогрес на ФСК, како сеопфатна и професионална сила. ФСК е подготвена да ги преземе своите обврски како војска, според стандардите на НАТО. Од корисници на мирот, ние се стремиме да станеме негови придонесувачи било каде во светот, како интегрален дел на НАТО, напиша Харадинај.