Еди Рама го тужи за клевета поранешниот премиер Бериша


Албанскиот премиер Еди Рама го обвини за клевета Сали Бериша поранешен премиер, шеф на државата и поранешен лидер на Демократската партија. Се дознава дека обвинението е поднесено поради изјавите на Бериша за Рама во врска со договорот со Грција за обележување на морската граница меѓу двете земји. Според тиранската телевизија Ора њус, како обештетување за […]

Емир Кустурица стана советник на Додик


Режисерот Емир Кустурица вработен е како советник на претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, со што тој го исполни предизборното ветување, пишува Klix.ba. Откако медиумот отворено го критикувал претседателството што јавно не ги објавил имињата на новоназначените советници, денеска на официјалната веб страна тие се објавени. Кустурица со ова назначување „го оствари […]

(ВИДЕО) „123456“: Хашим Тачи несвесно ја откри лозинката на својот компјутер


Свесно или несвесно, косовскиот претседател Хашим Тачи јавно ја откри лозинката на својот компјутер. Така барем изгледа на видеото што се врти на социјалните мрежи, и на кое, без разлика дали Тачи реално или симулира работење на компјутерот, отчукува 1,2,3,4,5,6, на тастатурата и на крајот притиска „ентер“. Компликовану шифру има Тачи123456 pic.twitter.com/YMMiucm0Kd — Капетан Јанковић […]

Рама: Руското влијание во Албанија не е тајна


Руското влијание во Албанија не е никаква тајна, бидејќи Русија не е подржувач на проширувањето на ЕУ, одговори на новинарско прашање претседателот на албанската Влада, Еди Рама на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, во врска со информациите дека албанската обединета опозиција има подршка од Москва. – Русија не е земја обожавач на ЕУ и […]

Дачиќ: Србија ќе интервенира, ако Србите бидат нападнати во Косово


Нема единствен апел од меѓународната заедница за Приштина за укинување на даноците на стока од Србија и затоа тие опстојуваат, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Тој вели дека САД имаат интерес даноците да се укинат, да се продолжи дијалогот, затоа што за себе сакаат политички плус. „Некои земји на ЕУ не […]

(Видео) Ќерката на Доналд Трамп со пријатели се забавува во Белград


Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, го посети српскиот главен град Белград, а како што пишува српски „Блиц“, таа планира да остане во Србија 11 дена. Како што пишува српскиот весник, таа денес околу 10 часот го напуштила хотелот во кој престојува, а потоа, по кратка прошетка, се упатила со пријателите во ресторан […]

Ексхумирано телото на Давид Драгичевиќ


На Новите гробишта во Бања Лука денес беше извршена ексхумација на остатоците на убиениот 21-годишниот Давид Драгичевиќ. На ексхумацијата присуствуваа мајката на Давид, Сузана Радановиќ, членови на групата „Правда за Давид“, како и голем број граѓани од Бања Лука. Претставникот на групата „Правда за Дејвид“, Озрен Педув, рече: „Ова е ден кој има силна порака […]

Невреме во Хрватска – бура, дожд и снег


Во Хрватска денеска дојде до промена на времето, а бура, грмотевици и град го погодија хрватското крајбрежје, додека пониските предели ги зафати и снег. Денешните прогнози покажуваат дека во Хрватска покрај намалувањето на температурата дождот постепено ќе преминува во снег, а на брегот е вклучен дури и црвен метеоаларм. Долж крајбрежјето врнело дожд, имало и […]

Пленковиќ не ја прифати оставката на министерката Жалац


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска не ја прифати оставката на министерката за регионален развој и фондови на ЕУ Габриела Жалац, образложувајќи дека тоа што таа со невалидна возачка дозвола со автомобилот удрила во 10-годишно девојче, не е причина за таа да ја напушти Владата. – Министерката и јас сме во контакт од половина час од […]

Хрватите протестираа со ковчези симболизирајќи ја „смртта на правдата”


Здружението за заштита на жртвите од правосудството „Вероника Вере” денеска одржа протести против корупцијата во хрватската Влада, при што учесниците носеа ковчези за да предупредат на „смртта на правдата и правосудството”. Протестот почна пред Палатата на правдата, односно Општинскиот граѓански суд во Загреб, а маршрутата ја продолжија до Уставниот суд. – Низ градот го носиме […]

(Видео) Хрватската министерка што удри дете со автомобил, низ солзи понуди оставка


Хрватската министерка за регионален развој Габриела Жалац, која немала важечка возачка дозвола во моментот кога со возило налета на дете, понуди оставка. Во сообраќајката што се случи во саботата во Винковци, потешко е повредено девојче, додека претрчувало улица, кога министерката на него налетала со возило. Девојчето е пренесено во болница, и според хрватските медиуми, брзо […]

Позитивни реакции во Грција по Спогодбата за отворање нов граничен премин кај Маркова нога


Потпишаната спогодба меѓу министрите Никола Димитров и Сиа Анагностопулу за отворање на новиот граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога – Лемос, наиде на позитивни реакции во Грција од надлежните органи во локалната самоуправа. Алтернативната шефица на грчката дипломатија, префектот на периферијата Западна Македонија, како и градоначалникот на Преспа, го изразуваат нивното задоволство […]

На 16 март нови протести против Рама


Една недела пред антивладиниот протест на обединетата албанска опозиција, закажан за 16 март и најавен како најмасовен досега, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), продолжува со средби низ Албанија за да ги убеди граѓаните да се приклучат на протестот што ќе се одржи пред Владата. На денешната средба во Лежа, лидерката на партијата Моника Круемади обвини […]

Ѓилас до Вучиќ: Ацо Србине, дај си оставка поради Косово…


Еден од основачите и лидер на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) Драган Ѓилас, го повика денеска преку отворено писмо претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да поднесе оставка, бидејќи, според негова оценка, во преговорите со Приштина ја уништил позицијата на Србија, како и дека „таа работа треба да ја остави за некој поинтелигентен, поспособен и поискрен“, […]

Колку „тежат“ Ѓукановиќ и фамилијата?


Белградски „Блиц“ во својот денешен текст наведува дека, поради „бомбите“ што ги објавува Душко Кнежевиќ, кој е поранешен долгогодишен пријател и бизнис-партнер на Мило Ѓукановиќ, сега повторно во фокусот се најде имотот на претседателот на Црна Гора. Белградскиот весник наведува дека сегашниот претседател на Црна Гора во политиката влегол во време кога со родителите живеел […]

Вучиќ до Приштина: Што сакате, да не уценувате и сметате за будали, тој филм нема да го гледате


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли прибегнаува кон нов трик кога најавува укинување на таксите за српските производи, за што би требало да разговараат преговарачките тимови на Белград и Приштина. – Јас ќе им кажам на убав српски јазик – залудно варосувавте, нема ништо од […]

Харадинај очекува скорешно решавање на проблемите меѓу Косово и Србија


Kосовскиот премиер Рамуш Харадинај, во пресрет на утрешната посета на високиот претставник на Вашингтон Дејвид Хејл во Косово, изрази уверување дека проблемите на неговата држава со Србија ќе се решат многу наскоро, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај пред посетата на подсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент, Хејл, кој во Приштина ќе […]

Сореца: Доколку не се реши политичката криза се доведува во опасност интеграцијата на Албанија во ЕУ


Амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца,од северниот албански град Скадар,порача дека доколку не се надмине политичката криза во земјата се ризикува интегритетот во Европската унија. Тој ја критикуваше опозицијата дека не се повлекува од нејзиниот став, посочи дека е побарано од мнозинството да седне на дијалог и ги осуди изјавите кои […]

Словенија: Оставка и на министерот за здравство


Само Факин, министерот за здравство во коалициската влада на премиерот Марјан Шарец, поднесе оставка на должноста. Тој појасни дека тоа го направил од здравствени причини, а како што пренесува Хина, Факин рекол дека многу споро оздравува од последиците од тешка вироза, заради која еден месец бил на боледување. Се наведува дека 63-годишниот министер Факин по […]

Осми март во Грција: Феминистичи протест и прием кај Ципрас


Со прием во премиерската палата за жени од разни социјални категории и работнички групи, од синдикатите, од армијата, полицијата и противпожарната служба, во присуство на министерки од владата, но и неговата партнерка, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го одбележа Меѓународниот ден на жената, додека пак “Грчката мрежа за феминистички штрајк на осми март”,за прв пат […]