Сореца: Доколку не се реши политичката криза се доведува во опасност интеграцијата на Албанија во ЕУ


Амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца,од северниот албански град Скадар,порача дека доколку не се надмине политичката криза во земјата се ризикува интегритетот во Европската унија.

Тој ја критикуваше опозицијата дека не се повлекува од нејзиниот став, посочи дека е побарано од мнозинството да седне на дијалог и ги осуди изјавите кои поттикнуваат насилство, барајќи протестите да бидат мирни.

Нагласи дека Европската Унија во врска со ситуацијата во Албанија, во последнте две недели е многу јасна,додавајќи дека правото на протест е за секого и оти ги поддржуват сите оние кои протестираат.

Но,според него, тоа мора да биде мирно и без поттикнување на насилство. Поттикнувањето на насилството е непростливо и очекуваме,посочи, следните протести да бидат без поттикнување на насилство.

-Ситуацијата е без преседан, разговаравме со двете страни. Се сретнавме со владата и со опозицијата. Опозицијата не отстапува од нејзинииот став, без да се врати назад и тоа е тажно. Ова го рековме неколку пати, но без успех. Ова влијае на интеграцијата на Албанија. Ние бараме дијалог и сме непристрасни. Ние побаравме од владата дијалог. Ги повикуваме сите политичари од Албанија да ја држат страната на граѓаните. ЕУ ги поддржува интересите на граѓаните на Албанија. Ситуацијата во земјата ја поткопува оваа желба на 93 отсто од албанските граѓани за интеграција и членството во ЕУ е наша цел кон Албанија. Доколку не се надмине овој политички грч, интеграцијата на Албанија се доведува во прашање ,- рече Сореца.

Тој ги повика институциите да преземат активности за надминување на ситуацијата.

-Ги повикувам институциите да ја играат својата улога во демократијата, да се грижат за интересите на жителите. Ги повикуваме сите партии да учествуваат на локалните избори како единствен демократски начин,рече амбасадорот на ЕУ.

Зборувајќи за родовата еднаквост на Меѓународниот ден на жената, Сореца рече дека треба да се почитуваат правата на жените.

-Денешната порака е дека ние сме родени со исти права и тие права мора да ги почитуваат сите. Родовата еднаквост е значајно право во однос на односите на Албанија со ЕУ, рече Сореца.