(Видео) Ќерката на Доналд Трамп со пријатели се забавува во Белград


Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, го посети српскиот главен град Белград, а како што пишува српски „Блиц“, таа планира да остане во Србија 11 дена.

Како што пишува српскиот весник, таа денес околу 10 часот го напуштила хотелот во кој престојува, а потоа, по кратка прошетка, се упатила со пријателите во ресторан на кратка пауза.

Медиумите пишуваат дека Тифани не се однесува како ѕвезда и дека опуштено се шетала низ српската престолнина.

Таа во секој момент била придружувана од американско обезбедување, кое било во цивилна облека, по што им се придружиле и членови на српското обезбедување.

Српската телевизија Прва објави видео на кое се гледа како најмладата ќерка на Доналд Трамп се забавува во кафеана на Скадарлија. Телевизијата додава дека таа студира право во Лондон, а во Белград е дојдена во друштво на своето момче и уште неколку пријатели.