Словенија: Оставка и на министерот за здравство


Само Факин, министерот за здравство во коалициската влада на премиерот Марјан Шарец, поднесе оставка на должноста.
Тој појасни дека тоа го направил од здравствени причини, а како што пренесува Хина, Факин рекол дека многу споро оздравува од последиците од тешка вироза, заради која еден месец бил на боледување.
Се наведува дека 63-годишниот министер Факин по професија лекар и низ годините бил директор на словенечкиот завод за здравствено осигурување, а во последно време како министер се соочи со критики на вработените во здравството и дојде во судир со синдикатите.
Факин е четврт министер во владата на Шарец кој даде оставка или беше сменет, за помалку од половина година.
Пред Факин, заминаа министерот за животна средина Јуре Лебен, министерот за кохезиона политика Марко Бандели и министерот за култура Дејан Прешичек.
Сепак, стабилноста на словенечката влада не е загрозена, затоа што за министрите кои заминуваа брзо се наоѓаше замена.