Судија на ЕУЛЕКС нападнат со шок-бомба во Приштина


Судија на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС бил нападнат синоќа во Приштина, околу 23 часот, со шок бомба, која кон него ја фрлил непознат сторител.

Инцидентот се случил во населбата Арбериа. Шок бомбата била фрлена додека поминувал по улица и дека тој не бил повреден.

Направата експлодирала, но не била предизвикана материјална штета, ниту имало повредени, а сторителот побегнал во непознат правец.

Полицијата излегла на местото на настанот по дојава од граѓани дека се слушнала експлозија.

– На местото на настанот се пронајдени два неиспукани куршуми, осигурувачот на бомбата, кашиката на бомбата и експлодираната бомба. Осомничениот побегнал во непознат правец. Во врска со настанот е информиран дежурниот обвинител кој наложил случајот да се третира како „Употреба на оружје или опасно средство“ и „поседување, контрола или неовластено поседување на оружје“, се вели во соопштението на полицијата.